„Кога некој од вас зема абдест, треба да стави вода во носот, а потоа да ја исфрли, а тој што се чисти по физиолошка потреба нека го направи тоа со непарен број на миење
„При нужда, не се свртувајте кон киблата ниту со лицето, ниту со грбот. Наместо таа насока, свртете се кон истокот или западот.“
„Никој од вас нека не го држи половиот орган со десната рака додека мокри, не ја користете десната рака при чистење по нужда, и немојте да дувате во садот од кој пиете.“
„Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, пред да влезе во тоалет, велеше: „Аллахумме инни е‘узу бике минел-хубуси вел-хабаис“ (Аллаху, барам засолниште кај Тебе од машките и женските нечесници).“
„Кога Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, одеше по нужда, јас и уште едно момче на мои години носевме мешина со вода и стап налик на копје, па тој се чистеше со вода.“
„Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, забрани чистење по извршување на физиолошка потреба со измет или коска,
„Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, кога излегувал од нужникот, изговарал: ,Гуфранеке‘ (Аллаху, прости ми).“