1. Дома
  2. Категории
  3. Фикх (исламско право) и методологија на фикхот

Хадис Се колнам во Аллах, никој од вас нема да земе нешто што не му припаѓа со право, а да не дојде кај Аллах на Судниот ден носејќи го тоа со себе

عَنْ أَبِي حُمَيْدٍ السَّاعِدِيِّ رَضيَ اللهُ عنه قَالَ:
اسْتَعْمَلَ رَسُولُ اللَّهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ رَجُلًا عَلَى صَدَقَاتِ بَنِي سُلَيْمٍ، يُدْعَى ابْنَ اللُّتْبِيَّةِ، فَلَمَّا جَاءَ حَاسَبَهُ، قَالَ: هَذَا مَالُكُمْ وَهَذَا هَدِيَّةٌ. فَقَالَ رَسُولُ اللَّهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ: «فَهَلَّا جَلَسْتَ فِي بَيْتِ أَبِيكَ وَأُمِّكَ، حَتَّى تَأْتِيَكَ هَدِيَّتُكَ إِنْ كُنْتَ صَادِقًا» ثُمَّ خَطَبَنَا، فَحَمِدَ اللَّهَ وَأَثْنَى عَلَيْهِ، ثُمَّ قَالَ: «أَمَّا بَعْدُ، فَإِنِّي أَسْتَعْمِلُ الرَّجُلَ مِنْكُمْ عَلَى العَمَلِ مِمَّا وَلَّانِي اللَّهُ، فَيَأْتِي فَيَقُولُ: هَذَا مَالُكُمْ وَهَذَا هَدِيَّةٌ أُهْدِيَتْ لِي، أَفَلاَ جَلَسَ فِي بَيْتِ أَبِيهِ وَأُمِّهِ حَتَّى تَأْتِيَهُ هَدِيَّتُهُ، وَاللَّهِ لاَ يَأْخُذُ أَحَدٌ مِنْكُمْ شَيْئًا بِغَيْرِ حَقِّهِ إِلَّا لَقِيَ اللَّهَ يَحْمِلُهُ يَوْمَ القِيَامَةِ، فَلَأَعْرِفَنَّ أَحَدًا مِنْكُمْ لَقِيَ اللَّهَ يَحْمِلُ بَعِيرًا لَهُ رُغَاءٌ، أَوْ بَقَرَةً لَهَا خُوَارٌ، أَوْ شَاةً تَيْعَرُ» ثُمَّ رَفَعَ يَدَهُ حَتَّى رُئِيَ بَيَاضُ إِبْطِهِ، يَقُولُ: «اللَّهُمَّ هَلْ بَلَّغْتُ» بَصْرَ عَيْنِي وَسَمْعَ أُذُنِي.

Ебу Хумејд ес-Саиди, Аллах нека е задоволен со него, раскажува:
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, испратил човек да го собере закатот од племето Бену Сулејм. Тој човек се викал ибн Ел-Лутбија. Кога се вратил, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, го повикал да за пресметка на собраното. Човекот рече: „Ова е за вас, а ова е подарок што ми го дадоа.“ Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, му рече: „Зошто не остана во куќата на твојот татко и мајка, па да видиме дали ќе ти дадат подарок – ако ја зборуваш вистината?“ Потоа Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ни одржа хутба. Му заблагодари на Аллах, Го возвиши Него, па рече: „Навистина, јас испраќам некој од вас на должност – за работа што ми ја доверил Аллах – па тој ќе се врати и ќе рече: ,Ова е за вас, а ова е подарок што ми го дадоа.‘ Зошто не остана да седи во куќата на својот татко и мајка, па да видиме дали ќе му дојдеше подарокот? Се колнам во Аллах, никој од вас нема да земе нешто што не му припаѓа со право, а да не дојде кај Аллах на Судниот ден носејќи го тоа со себе: – ќе дојде носејќи камила што рика, – или крава што мука, – или овца што блее.“ Потоа Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ја крена раката толку високо што се виде белината на неговата подмишка и рече: „Аллаху мој, посведочи дека го пренесов ова!“ Потоа додаде: „Моите очи видоа, а моите уши слушнаа.“

صحيح متفق عليه صحيح البخاري - 6979

Објаснување

Ебу Хумејд ес-Саиди, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, назначи еден човек, по име Ибн Ел-Лутбија, да го собира зекатот од племето Бену Сулејм. Кога се врати во Медина, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, го повика да му положи сметка за она што го собрал и потрошил. Ибн Ел-Лутбија рече: „Ова е вашиот имот што го собрав од зекатот, а ова е подарокот што ми го дадоа.“ Тогаш Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му рече: „Зошто не остана во куќата на твојот татко и мајка, па да видиме дали ќе ти беше донесен подарок – ако ја зборуваш вистината? Навистина, правата за кои работеше се причина што ти е даден подарокот, а да останеше дома, ништо немаше да ти биде подарено. Затоа, не смее да го сметаш за дозволено само затоа што стигнало до тебе како подарок.“ Потоа Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, се искачи на минберот лут, Го пофали Семоќниот и Му заблагодари на Аллах, па рече: „Потоа велам...Јас поставувам некој од вас на работа – на нешто што Аллах ми го доверил: зекатот и воениот плен – па тој се враќа и вели: ,Ова е за вас, а ова е подарокот што ми го дадоа.‘ Зарем не можеше да остане во куќата на својот татко и мајка, па да видиме дали ќе му беше донесен подарокот?
Се колнам во Аллах, никој нема да земе нешто што не му припаѓа според право, а да не дојде кај Аллах на Судниот ден носејќи го на својот врат:
– ако е камила – ќе рика, – ако е крава – ќе мука, – ако е овца – ќе блее.“ Потоа Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ги крена рацете толку високо што присутните ја видоа белината на неговата подмишка и рече: „Аллаху мој, посведочи дека го пренесов ова!“ Ебу Хумејд ес-Саиди, Аллах нека е задоволен со него, рекол: „Ова го видоа моите очи и го слушнаа моите уши.“

من فوائد الحديث

  1. Владетелот треба јасно да им ги објасни на своите службеници доверените задачи и она што им е забрането во врска со нивната работа.
  2. Силен укор и предупредување за секој што неправедно ќе земе туѓ имот.
  3. На Судниот ден, секој неправедник ќе дојде носејќи го она со што направил неправда.
  4. Секој службеник е должен совесно да ја извршува доверената работа. Не смее да прима подароци поврзани со неговата должност. Ако некој му подари нешто, обврзан е да го предаде во државната каса, а не да го задржи за себе, бидејќи тоа претставува злоупотреба и предавство на довербата.
  5. Ибн Батал рекол: „Овој хадис укажува дека подароците што му се носат на службеник се поради благодарност за услугата, за придобивање на неговата наклонетост или од надеж за отстапување од вистината. Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, појаснил дека во однос на тие подароци службеникот е како секој друг муслиман, без посебно право на нив, и затоа не смее да ги присвои за себе.“
  6. Ен-Невеви рекол: „Овој хадис појаснува дека подароците за службениците се забранети и се сметаат за присвојување на нешто што не му следува (гулул), бидејќи со нив се изневерува доверената должност и аманетот. Затоа во хадисот е спомната казната за таквиот човек – ќе го носи она што му било подарено на Судниот ден – исто како што е спомнато за оној што присвојува од воениот плен. Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, во истиот хадис ја појаснил и причината за забраната на овие подароци: тие му се даваат поради службата. За разлика од тоа, подарокот за човек кој не е службеник е дозволен, па дури и препорачан.“
  7. Ибн Ел-Мунир рекол: „Од зборовите на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем – ,Зошто не остана во куќата на својот татко и мајка?‘ – се заклучува дека е дозволено да се прифати подарок од оној кој и претходно му носел подароци.“ Ибн Хаџер додал: „Тоа важи само ако подарокот не ја надминува вообичаената и општоприфатена вредност.“
  8. Методата на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, во советувањето била општо укажување, без јавно поименично посрамување.
  9. Хадисот укажува на дозволеноста да се направи пресметка (ревизија) на оној кому му е доверена некоја одговорност.
  10. Во него има доказ и за дозволеност на укорување на оној што погрешил.
  11. Од хадисот, исто така, се учи и препорачаноста на кревање на рацете при дова.

Преглед на преводи

37 Јазик
EN English Англиски
UR اردو Урду
ES Español Шпански
ID Indonesia Индонезиски
UG ئۇيغۇرچە Ујгурски
BN বাংলা Бенгалски
TR Türkçe Турски
RU Русский Руски
BS Bosanski Босански
SI සිංහල Синхала
HI हिन्दी Индијски
ZH 中文 Кинески
FA فارسی Персиски
VI Tiếng Việt Виетнамски
TL Tagalog Тагалог
KU Kurdî Курдски
HA Hausa Хауса
PT Português Португалски
ML മലയാളം Малајалам
TE తెలుగు Телгу
SW Kiswahili Свахили
MY မြန်မာ البورمية
TH ไทย التايلندية
PS پښتو بشتو
AS অসমীয়া الأسامية
AM አማርኛ الأمهرية
NL Nederlands الهولندية
GU ગુજરાતી الغوجاراتية
PRS دری الدرية
SR Српски الصربية
RO Română الرومانية
HU Magyar المجرية
KN ಕನ್ನಡ الكانادا
KA ქართული الجورجية
KM ភាសាខ្មែរ الخميرية
PA ਪੰਜਾਬੀ البنجابية
MR मराठी الماراثية