„Верник со најпотполен иман-верување е тој со најубаво однесување, а најдобар помеѓу вас е тој што најубаво се однесува кон жените.“
„Верникот не може да мрази верничка (која му е сопруга), ако не му се допаѓа некоја нејзина особина, ќе му биде драга поради друго својство.“
,,Кој има можност да се ожени, нека го стори тоа, бидејќи тоа најдобро го чува погледот и ја штити чедноста. А кој не може, нека пости, бидејќи постот е заштита за него
„Секој брак на жена склучен без дозвола од нејзиниот старател е неважечки.“ – ова го повторил трипати -. „Ако мажот има интимен однос со неа, таа го заслужува мехрот поради односот. А ако настане несогласување, тогаш владетелот е старател на оној што нема старател.“
„Реков: ,О, Божји пратенику, кои се правата на сопругата над нејзиниот сопруг?‘ Тој одговори: ,Да ја храниш кога и самиот јадеш, да ја облекуваш кога и ти се облекуваш или кога стекнуваш, да не ја удираш по лицето, да не ја навредуваш и да не ја одбегнуваш освен во домот.‘“
„Тој што има две жени и повеќе е наклонет кон едната, на Судниот ден ќе дојде, а едната страна ќе му виси.“
„Денес кај семејството на Мухамед дојдоа многу жени жалејќи се на своите мажи. Таквите мажи не се меѓу најдобрите меѓу вас.“