Едеби на селамот и барањето на дозвола за влез

9Листа на хадиси

Листа на хадиси 9

„Обврските на муслиманот кон другиот муслиман се пет на број: да му го возврати на селамот, да го посети болниот, да го следи џеназето, да му се одзвие на поканата и да му посака сомилост од Бог на оној што ќе кивне.“
„Не му е дозволено на човекот да не зборува со својот брат повеќе од три дена, се сретнуваат и еден на друг му го вртат грбот. Подобар е тој што прв ќе се поздрави со селам.“
„Кога некој од вас ќе го сретне својот брат, нека го поздрави, и ако меѓу нив се испречи дрво, ѕид или камен и пак го сретне, повторно нека го поздрави.“
„Тој што јава ќе го поселами тој што пешачи, пешакот ќе го поселами тој што седи, а помалата група ќе ја поселами поголемата
„Не иницирајте поздрав со селам на евреите или христијаните. Ако сретнете некој од нив на патот, принудете ги кон потесниот дел.“
„Некој човек го прашал Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем: ,Кој е најдобриот ислам?‘, Тој одговорил: ,Да го нахраниш и да го поздравиш со селам и оној што го познаваш и оној што не го познаваш.‘“
„Кога некој од вас ќе дојде на собир, нека се поздрави со селам. А кога ќе сака да стане и да си замине, нека повторно се поздрави со селам – зашто првиот селам не е поважен од последниот.“
Еден човек дојде кај Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, и рече: „Ес-Селаму алејкум.“ Тој му одговори на селамот, човекот седна, па Пратеникот рече: „Десет (награди).“
„Нема да се случи двајца муслимани да се сретнат и да се ракуваат, а да не им бидат простени гревовите пред да се разделат.“