1. Дома
  2. Категории
  3. Фикх (исламско право) и методологија на фикхот

Хадис „Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ни забрани да клањаме намаз или да закопуваме мртви во три временски периода

عَنْ عُقْبَةَ بْنَ عَامِرٍ الْجُهَنِيَّ رضي الله عنه قَالَ:
ثَلَاثُ سَاعَاتٍ كَانَ رَسُولُ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ يَنْهَانَا أَنْ نُصَلِّيَ فِيهِنَّ، أَوْ أَنْ نَقْبُرَ فِيهِنَّ مَوْتَانَا: حِينَ تَطْلُعُ الشَّمْسُ بَازِغَةً حَتَّى تَرْتَفِعَ، وَحِينَ يَقُومُ قَائِمُ الظَّهِيرَةِ حَتَّى تَمِيلَ الشَّمْسُ، وَحِينَ تَضَيَّفُ الشَّمْسُ لِلْغُرُوبِ حَتَّى تَغْرُبَ.

Од Укбе бин Амир ел-Џухени, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека рекол:
„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ни забрани да клањаме намаз или да закопуваме мртви во три временски периода: – кога Сонцето изгрева сè додека добро не се издигне над хоризонтот, – кога Сонцето е во зенит – сè додека не започне да се наклонува кон запад, – и кога Сонцето започнува да заоѓа – од моментот кога започнува да се навалува кон хоризонтот, сè до неговото целосно заоѓање.“

صحيح رواه مسلم صحيح مسلم - 831

Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, забранил во три периоди од денот да се клања доброволен намаз или да се врши закоп на починатите: Првиот период е веднаш по изгрејсонце – од моментот кога Сонцето ќе се појави над хоризонтот, па сè додека не се издигне во висина од едно копје, што се смета за приближно 15 минути. Вториот период е кога Сонцето се наоѓа точно во зенит – односно на средината на небото, не правејќи сенка ниту на исток ниту на запад – сè додека не почне да се наклонува и да се појави сенка од источната страна, што го означува почетокот на времето за пладневниот намаз. Овој период е краток – трае околу 5 минути. Третиот период е пред зајдисонце – од моментот кога Сонцето почнува да се спушта кон хоризонтот, па сè до неговото целосно заоѓање.

من فوائد الحديث

  1. Временските периоди во кои е забрането клањање, како што се наведува во овој и други хадиси, се следниве: 1. По сабахскиот намаз – сè до изгрејсонце. 2. Во моментот кога изгрева Сонцето – сè додека не се издигне на висина од едно копје, според видното поле, што трае приближно 15 минути. 3. Кога Сонцето е во зенит – односно кога не прави сенка ни на исток ни на запад, сè додека не започне да се наклонува, што трае околу 5 минути. 4. По икиндискиот намаз – сè до зајдисонце. 5. Кога Сонцето ќе пожолти – па сè до неговото целосно заоѓање.
  2. Забраната за клањање во овие пет временски периоди не се однесува на задолжителните намази и на намазите кои имаат конкретен шеријатски повод.
  3. Исто така, не е дозволено намерно одложување на закопот на починатиот до овие три кратки периоди спомнати во хадисот, додека во сите други делови од денот или ноќта закопувањето е дозволено.
  4. Мудроста зад забраната за клањање во овие времиња: Основата е муслиманот да се покорува на Аллаховите наредби и да се воздржува од Неговите забрани како чин на ибадет, без да ја условува својата покорност со претходно разбирање на причината или мудроста зад нив. Обврска му е да се потчини и покори. А во други хадиси е пренесена и самата мудрост: – Прво: во периодот непосредно пред настапувањето на времето за пладневниот намаз, Џехенемот се распалува со особена сила. – Второ: забраната за клањање при изгрејсонце и зајдисонце е поради сличноста со праксата на многубошците, кои му се поклонуваат на Сонцето токму во тие моменти. – Трето: забраната за клањање по сабах до изгрејсонце и по икиндија до зајдисонце е со цел да се затвори патот кон поистоветување со неверниците – за муслиманот да не им наликува во нивното идолопоклонство, бидејќи тие му се клањаат на Сонцето во тие периоди.

Преглед на преводи

39 Јазик
EN English Англиски
UR اردو Урду
ES Español Шпански
ID Indonesia Индонезиски
BN বাংলা Бенгалски
TR Türkçe Турски
RU Русский Руски
BS Bosanski Босански
SI සිංහල Синхала
HI हिन्दी Индијски
ZH 中文 Кинески
FA فارسی Персиски
VI Tiếng Việt Виетнамски
TL Tagalog Тагалог
KU Kurdî Курдски
HA Hausa Хауса
PT Português Португалски
ML മലയാളം Малајалам
TE తెలుగు Телгу
SW Kiswahili Свахили
MY မြန်မာ البورمية
TH ไทย التايلندية
PS پښتو بشتو
AS অসমীয়া الأسامية
SQ Shqip الألبانية
AM አማርኛ الأمهرية
NL Nederlands الهولندية
GU ગુજરાતી الغوجاراتية
PRS دری الدرية
SR Српски الصربية
RO Română الرومانية
HU Magyar المجرية
MOS Moore الموري
KN ಕನ್ನಡ الكانادا
UK Українська الأوكرانية
KA ქართული الجورجية
KM ភាសាខ្មែរ الخميرية
PA ਪੰਜਾਬੀ البنجابية
MR मराठी الماراثية