1. Дома
  2. Категории
  3. Благородниот Куран и куранските науки

Хадис „Кој ќе научи напамет десет ајети од почетокот на сурата Ел-Кехф, ќе биде заштитен од Деџалот.“ Во друга верзија стои: „...од крајот на сурата Ел-Кехф.“

عن أبي الدرداء رضي الله عنه أن النبي صلى الله عليه وسلم قال:
«مَنْ حَفِظَ عَشْرَ آيَاتٍ مِنْ أَوَّلِ سُورَةِ الكَهْفِ، عُصِمَ مِنَ الدَّجَّالِ». وفي رواية: «مِنْ آخِرِ سُورَةِ الكَهْف».

Ебу Дерда, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Кој ќе научи напамет десет ајети од почетокот на сурата Ел-Кехф, ќе биде заштитен од Деџалот.“ Во друга верзија стои: „...од крајот на сурата Ел-Кехф.“

صحيح رواه مسلم صحيح مسلم - 809

Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известил дека оној што ќе научи напамет десет ајети од почетокот на сурата Ел-Кехф, ќе биде заштитен, сочуван и спасен од искушението на Месихот Деџал (лажниот месија) – кој ќе се појави на крајот од времето и ќе тврди дека е божество.
Искушението што тој ќе го донесе е најголемото што некогаш ќе го снајде човештвото – од времето на Адем, алејхи селам, па сè до Судниот ден – поради натприродните дела што Аллах ќе му дозволи да ги изведе, со кои ќе ги заведува луѓето. Знаејќи дека во првите ајети од сурата Ел-Кехф се содржани чуда и Божји знаци што се повозвишени и посилни од она со што Деџалот ќе ги мами луѓето, секој оној што ќе размислува за тие ајети – нема да потпадне под неговото влијание. Во друга верзија на хадисот се вели: „...десет ајети од крајот на сурaта“, почнувајќи од зборовите на Возвишениот: „Зарем неверниците мислат дека, покрај Мене, за богови можат да ги земаат робовите Мои? Ние, навистина, за престојувалиште на неверниците им го подготвивме Џехенемот.“

من فوائد الحديث

  1. Укажување на вредноста на сурата Ел-Кехф и дека нејзиниот почеток или крај претставуваат заштита од искушението на Деџалот.
  2. Известување за појавата на Деџалот и појаснување на она што штити од неговото искушение.
  3. Поттик да се научи целата сура Ел-Кехф напамет, а доколку не се може – тогаш барем првите и последните десет ајети.
  4. Куртуби, објаснувајќи ја причината за оваа заштита, рекол: „Се вели дека тоа се должи на чудата и знаците што се спомнуваат во приказната за сопствениците на пештерата. Оние што ќе размислат за тие настани, нема да се изненадат од појавата на Деџалот, ниту ќе ги збунат неговите чуда – и така нема да бидат заведени од него. Се вели и дека тоа се должи на зборовите на Возвишениот: „...за со тешката казна, која Тој ќе ја даде, да опомене“ во кои се нагласува „тешката казна“ и „Тој ќе ја даде“ што означува дека казната е од Аллах – што соодветствува на претензиите на Деџалот дека е божество, на неговата доминација и на тежината на искушението што ќе го донесе. Затоа Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, го нагласил неговото искушение, предупредил од него и барал заштита од него. Суштината на хадисот е дека оној што ќе ги рецитира овие ајети, ќе размислува за нив и ќе го сфати нивното значење – ќе биде внимателен и ќе се заштити од неговото искушение.“

Преглед на преводи

46 Јазик
EN English Англиски
UR اردو Урду
ES Español Шпански
ID Indonesia Индонезиски
UG ئۇيغۇرچە Ујгурски
BN বাংলা Бенгалски
TR Türkçe Турски
RU Русский Руски
BS Bosanski Босански
SI සිංහල Синхала
HI हिन्दी Индијски
ZH 中文 Кинески
FA فارسی Персиски
VI Tiếng Việt Виетнамски
TL Tagalog Тагалог
KU Kurdî Курдски
HA Hausa Хауса
PT Português Португалски
ML മലയാളം Малајалам
TE తెలుగు Телгу
SW Kiswahili Свахили
TA தமிழ் التاميلية
MY မြန်မာ البورمية
TH ไทย التايلندية
DE Deutsch الألمانية
PS پښتو بشتو
AS অসমীয়া الأسامية
SQ Shqip الألبانية
SV Svenska السويدية
AM አማርኛ الأمهرية
NL Nederlands الهولندية
GU ગુજરાતી الغوجاراتية
NE नेपाली النيبالية
PRS دری الدرية
SR Српски الصربية
RO Română الرومانية
HU Magyar المجرية
MOS Moore الموري
MG Malagasy المالاجاشية
KN ಕನ್ನಡ الكانادا
WO Wolof الولوف
UK Українська الأوكرانية
KA ქართული الجورجية
KM ភាសាខ្មែរ الخميرية
PA ਪੰਜਾਬੀ البنجابية
MR मराठी الماراثية