1. Дома
  2. Категории
  3. Доблести и манири

Хадис „Јас, по тебе, изговорив четири зборови – по трипати – кои, ако се споредат со сè што го кажа од утринава, тие ќе натежнат

عَنْ جُوَيْرِيَةَ أُمِّ المؤْمنينَ رَضيَ اللهُ عنها:
أَنَّ النَّبِيَّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ خَرَجَ مِنْ عِنْدِهَا بُكْرَةً حِينَ صَلَّى الصُّبْحَ، وَهِيَ فِي مَسْجِدِهَا، ثُمَّ رَجَعَ بَعْدَ أَنْ أَضْحَى، وَهِيَ جَالِسَةٌ، فَقَالَ: «مَا زِلْتِ عَلَى الْحَالِ الَّتِي فَارَقْتُكِ عَلَيْهَا؟» قَالَتْ: نَعَمْ، قَالَ النَّبِيُّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ: «لَقَدْ قُلْتُ بَعْدَكِ أَرْبَعَ كَلِمَاتٍ، ثَلَاثَ مَرَّاتٍ، لَوْ وُزِنَتْ بِمَا قُلْتِ مُنْذُ الْيَوْمِ لَوَزَنَتْهُنَّ: سُبْحَانَ اللهِ وَبِحَمْدِهِ، عَدَدَ خَلْقِهِ وَرِضَا نَفْسِهِ وَزِنَةَ عَرْشِهِ وَمِدَادَ كَلِمَاتِهِ».

Мајката на верниците, Џувејрија – Аллах нека е задоволен со неа – раскажува дека
Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, едно утро – по клањање на сабахскиот намаз – излегол од нејзиниот дом, а таа сè уште седеше на местото каде што обично клањаше. Подоцна, кога веќе изгреа Сонцето и дел од денот помина, се врати кај неа – а таа уште беше на истото место. Па ѝ рече: „Сè уште си на истото место на кое те оставив?“ Таа одговори: „Да.“ Тогаш тој рече: „Јас, по тебе, изговорив четири зборови – по трипати – кои, ако се споредат со сè што го кажа од утринава, тие ќе натежнат: ,Славен и фален нека е Аллах – онолку колку што е бројот на Неговите созданија, и онолку колку што е Неговото задоволство, и колку што е тежината на Неговиот Арш, и колку што е количината на мастилото со кое се испишуваат Неговите зборови.‘“ (Субханаллахи ве бихамдихи, адеде халкихи, ве рида нефсихи, ве зинете Аршихи, ве мидаде келиматихи)

صحيح رواه مسلم صحيح مسلم - 2726

Објаснување

Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, излезе од куќата на својата сопруга – мајката на верниците Џувејрија, Аллах нека е задоволен со неа – на самиот почеток од денот, по клањањето на сабахскиот намаз, додека таа седеше на своето место на кое обично клањаше. Кога се врати подоцна, околу времето на духа, ја најде како сè уште седи на истото место, па ѝ рече: „Сè уште си во истата состојба во која те оставив?“ Таа одговори: „Да.“ Тогаш Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рече: „Јас, после тебе, изговорив четири реченици – по трипати – и ако се споредат со сè што ти го изговори додека седеше овде, тие ќе натежнат во награда.“ „Славен“ – чист од секој недостаток.
„И фален нека е Аллах“ – затоа што Нему му припаѓа секоја убава пофалба и благодарност, а Тој е Оној што нѐ упатил кон тоа.
„Онолку колку што е бројот на Неговите созданија“ – односно: онолку многу колку што само Аллах ги знае и може да ги изброи.
„Колку што е Неговото задоволство“ – односно: онолку колку што Го задоволуваат Неговите робови, а тоа е нешто што не може да се измери.
„Колку што е тежината на Неговиот Арш“ – бидејќи Аршот е најголемото и најтешкото од сите созданија.
„И онолку колку што е количината на мастилото со кое се испишуваат Неговите зборови“ – бидејќи Аллаховите зборови се бескрајни и неисцрпни.
Оваа дова ги опфаќа сите три аспекти: – бројноста (бројот на созданијата), – вредноста и возвишеноста (Неговото задоволство), – величината и тежината (тежината на Аршот),
а спомнувањето на „мастилото на Неговите зборови“ го заокружува значењето – укажувајќи на тоа дека Аллаховите зборови немаат крај, ни во број, ни во содржина, ни во обем.

من فوائد الحديث

  1. Укажување на големата вредност на овие зборови и поттик тие редовно да се изговараат.
  2. Зикрот се разликува по вредност – некои форми се повредни од други.
  3. Ен-Невеви, објаснувајќи ја фразата „и онолку колку што е количината на мастилото со кое се испишуваат Неговите зборови“, вели: „Целта е да во суперлатив да се прикаже големината и неизмерната бројност – бидејќи најпрво се спомнува нешто што може да се изброи (како бројот на созданијата), потоа тежината на Аршот, а најпосле нешто што воопшто не може да се измери ниту опфати.“
  4. Ибн ел-Кајим вели: „Она што се случува во срцето на оној што изговара: ,Славен и фален нека е Аллах – онолку колку што е бројот на Неговите созданија...‘ – во поглед на познавање, возвишување и величање на Аллах – е подлабоко и повредно од чувството на оној што само ќе рече: ,Славен нека е Аллах‘.“
  5. Упатување кон сеопфатни зборови не се многубројни, но се обемни по значење и огромни по награда.

Преглед на преводи

43 Јазик
EN English Англиски
UR اردو Урду
ES Español Шпански
ID Indonesia Индонезиски
BN বাংলা Бенгалски
TR Türkçe Турски
RU Русский Руски
BS Bosanski Босански
SI සිංහල Синхала
HI हिन्दी Индијски
ZH 中文 Кинески
FA فارسی Персиски
VI Tiếng Việt Виетнамски
TL Tagalog Тагалог
KU Kurdî Курдски
HA Hausa Хауса
PT Português Португалски
ML മലയാളം Малајалам
TE తెలుగు Телгу
SW Kiswahili Свахили
TA தமிழ் التاميلية
MY မြန်မာ البورمية
TH ไทย التايلندية
PS پښتو بشتو
AS অসমীয়া الأسامية
SQ Shqip الألبانية
SV Svenska السويدية
AM አማርኛ الأمهرية
NL Nederlands الهولندية
GU ગુજરાતી الغوجاراتية
PRS دری الدرية
SR Српски الصربية
RO Română الرومانية
HU Magyar المجرية
MOS Moore الموري
MG Malagasy المالاجاشية
KN ಕನ್ನಡ الكانادا
WO Wolof الولوف
UK Українська الأوكرانية
KA ქართული الجورجية
KM ភាសាខ្មែរ الخميرية
PA ਪੰਜਾਬੀ البنجابية
MR मराठी الماراثية