„О луѓе, навистина Аллах е Убав и не прифаќа освен она што е убаво. Аллах им го нареди на верниците истото што им го нареди и на пратениците
„Чистотата е половина од верувањето. Зборот „елхамдулиллах“ ја исполнува вагата, а зборовите „субханаллах“ и „елхамдулиллах“ го исполнуваат просторот помеѓу небесата и Земјата
„На Аллах најмил говор Му се четири реченици: Субханалах, Елхамдулиллах, Ла илахе иллаллах и Аллаху Екбер, не е важно со која би започнал
„Кој ќе отседне на некое место и каже: ,Е’узу би келиметиллахит-таммати мин шерри ма халека.‘ (Барам заштита, со потполните Аллахови зборови од злото кое го создал.) Ништо лошо нема да му се случи сè додека не замине од тоа место.“
„Повеќе сакам да кажам: ,субханаллах, елхамдулиллах, ла илахе илаллах, Aллаху екбер‘, отколку да поседувам она врз кое изгрева Сонцето.“
„Кој ќе ги рецитира последните два ајета од сурата Ел Бекаре во текот на ноќта, тие ќе му бидат доволни.“
„Чистотата е половина од верувањето. Зборот „елхамдулиллах“ ја исполнува вагата, а зборовите „субханаллах“ и „елхамдулиллах“ го исполнуваат просторот помеѓу небесата и земјата
„Кога некој ќе го спомене Аллах при влегувањето дома и додека јаде, шејтанот им вели на своите другари: ,Вечерва немате ниту сместување ниту вечера
„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, често изговарал: ,О, Ти што ги превртуваш срцата, зацврсти го моето срце во Твојата вера!‘
,Знам еден збор кој, ако го изговори, ќе му го отстрани тоа што го чувствува. Ако рече: Еузу биллахи минеш-шејтанир раџим (Барам прибежиште кај Аллах од проклетиот шејтан), ќе му помине тоа што го чувствува.‘
„Кога спиете, шејтанот врзува три јазли на задниот дел од главата, врзувајќи го секој јазол кажува: ,Долга е ноќта, па спиј
„Примерот на оној што Го спомнува својот Господар и оној што не Го спомнува е како примерот на живиот и мртвиот.“
„О луѓе, навистина Аллах е Убав и не прифаќа освен она што е убаво. Аллах им го нареди на верниците истото што им го нареди и на пратениците
„Кој по јадењето ќе каже: Елхамду лиллахиллези ет‘амени хаза ве резаканихи мин гајри хавлин мини ве ла кувветин (Благодарност на Аллах, Кој ме нахрани со ова и ме снабди без моја сила и моќ), ќе му бидат простени претходните гревови.“
„Господару мој, прости ми ги моите грешки и моето незнаење, моите претерувања во сите мои работи, и она што Ти го знаеш подобро од мене, прости ми ги гревовите, кои ги направив намерно, во незнаење или шегувајќи се, а сето тоа го има кај мене. Аллаху мој, прости ми ги поранешните гревови и оние кои ќе ги направам подоцна, оние што ги направив јавно и оние кои ги направив тајно. Ти приближуваш и Ти оддалечуваш, Ти си Семоќниот.“
„Аллахумме инни ес'елуке минел-хајри куллихи, 'аџилихи ве аџилихи, ма 'алимту минху ве ма лем е'алем, ве е'узу бике минеш-шерри куллихи, 'аџилихи ве аџилихи, ма 'алимту минху ве ма лем е'алем
„Аллахумме инни еузу бике мин зевали ни'метике, ве техаввули 'афијетике ве фуџаети ни'метике, ве џемиа' сехатике (О Аллаху, барам засолниште кај Тебе од губењето на Твоите благодети, од промените на Твојата благосостојба, од ненадејноста на Твојата казна и сиот Твој гнев)“
„Аллахумме инни е'узу бике мин галебетид-дејни, ве галебетил-'адувви, ве шематетил-е'адаи. (О Аллаху, барам засолниште кај Тебе да не бидам совладан од долгови, да не бидам совладан од непријателот и непријателите да не ликуваат за тоа).“
„Аллахумме бике асбахна ве бике емсејна ве бике нахја ве бике немуту ве илејкен-нушур“ (Алаху, со Тебе го започнуваме утрото, со Тебе ја завршуваме вечерта, со Тебе живееме, со Тебе умираме, а кај Тебе е оживувањето)
Најчестата дова на Пратеникот, алејхи селам, била: „ Аллахумме раббена атина фид-дунја хасенетен, ве фил-ахирети хасенетен, ве кина азабен-нари.“(Господару наш, дај ни добро на овој и на оној свет и сочувај нè од казната во огнот)
„Кажи: ,О Аллаху, упати ме и дај ми исправност‘, и замисли го твоето упатство како упатство на патот а исправноста со правото движење на стрелата кон целта.“
Сакате ли да ве упатам на нешто подобро од тоа што го баравте? Кога ќе легнете во вашите постели, изговорете: Субханаллах триесет и трипати, Елхамдулиллах триесет и трипати и Аллаху Екбер триесет и четири пати. Тоа е подобро за вас од слуга.“
,Кажи ги ,Кул хуваллаху ехад‘ и двете заштитнички сури (Фелек и Нас) трипати навечер и наутро, тоа ќе те заштити од сè.‘“
Кој ќе каже трипати: ,Во името на Аллах, со чие име ништо не може да му наштети (на човек), на Земјата или на небото, а Тој сè Слуша, и сè знае“ трипати, нема да го снајде ненадејна несреќа до утрото
,Кажи: Ла илахе иллаллаху вахдеху ла шерике леху, Аллаху екберу кебира, вел-хамду лиллахи кесира, субханаллахи рабил-'алемин, ла хавле ве ла куввете илла биллахил-'азизил-хаким.‘
„Зборовите за кои, ако човек ги изговори по секој задолжителен намаз, нема да биде во загуба: триесет и трипати ,Субханалах‘, триесет и трипати ,Елхамду лиллах‘ и триесет и трипати ,Аллаху екбер‘“
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кога влегувал во џамија, изговарал: ,Барам заштита кај Аллах, Величествениот, со Неговото благородно лице и Неговата вечна власт, од проклетиот шејтан.‘
„Шејтанот доаѓа кај некој од вас и прашува: ,Кој го создаде ова? Кој го создаде она?‘ Се додека не праша: ,Кој го создаде твојот Господар?‘ Кога ќе стигне до тоа, нека побара заштита од Аллах и нека престане да размислува за тоа.“
„Кога некој од вас ќе влезе во џамијата, нека каже: ,Аллахумме ифтах ли ебвабе рахметик‘ (О Аллах, отвори ми ги вратите на Твојата милост); а кога ќе излегува, нека каже: ,Аллахумме инни ес’елуке мин фадлик‘ (О Аллах, јас барам (да ми подариш) од Твојата дарежливост).“
Тоа е шејтанот по име Хинзеб. Кога ќе го почувствуваш неговото присуство, побарај заштита кај Аллах од него, и плукни трипати налево
„Кој во текот на еден ден ќе каже: Ла илахе иллаллах, вахдеху ла шерике лех, лехул-мулку ве лехул-хамду, ве хуве ‘ала кулли шеј-ин кадир (Нема друг Бог освен Аллах, Единствениот, Кој нема содружник; Негова е власта и Нему му припаѓа благоданоста, и Тој е Семоќен) стопати
,Аллаху мој, кај Тебе барам прибежиште од лошите неморлни особини, од лошите дела и од следење на страстите.‘“
„Аллаху мој, кај Тебе барам прибежиште од немоќ, мрзеливост, кукавичлак, скржавост, старечка изнемоштеност и од казната во гробот. Аллаху мој, подари ѝ на мојата душа богобојазливост и очисти ја; Ти си најдобриот што ја чисти, Ти си нејзин Заштитник и Покровител. Аллаху мој, кај Тебе барам прибежиште од знаење што не користи, од срце што не е исполнето со стравопочит, од душа што не се наситува и од дова што не се прима.“
„Кажи: О, Аллах, направи дозволеното што Ти го дозволи да ми биде доволно, па да не посегнувам по она што си го забранил; и направи ме независен со Твојата дарежливост од сите освен од Тебе.“
„Аллаху мој, Тебе Ти се предавам, во Тебе верувам, на Тебе се потпирам, кон Тебе се враќам, и со Твоја помош полемизирам. Аллаху мој, засолни ме со Твојата моќ – нема друг вистински бог освен Тебе – да не бидам заведен. Ти си Живиот, Кој не умира, а џините и луѓето умираат.“ (Аллахумме, леке еслемту, ве бике аменту, ве алејке тевеккелту, ве илејке енебту, ве бике хасамту. Аллахумме, ин-ни еузу би-иззетике – ла илахе ил-ла Енте – ен тудил-лени. Енте ел-Хајју ел-лези ла јемут, вел-џинну вел-инсу јемутун.)
„Ниту еден муслиман нема да упати дова во која нема грев, ниту прекин на роднинските врски, а Аллах да не му даде преку таа дова една од три работи: или ќе му ја исполни веднаш, или ќе му ја зачува за Ахирет, или ќе го заштити од некакво зло во иста мера.“ Асхабите рекоа: „Тогаш да правиме дова уште повеќе.“ А тој одговори: „Аллах ќе даде уште повеќе.“
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, во моменти на тешкотија и неволја изговарал: „Ла илахе иллеллаху ел-ʿАзим ел-Халим. Ла илахе иллеллаху Раббул-ʿАршил-ʿАзим. Ла илахе иллеллаху Раббус-семавати ве Раббул-ерд ве Раббул-ʿАршил-Керим.“ (Нема друг вистински бог освен Аллах, Возвишениот и Благиот. Нема друг вистински бог освен Аллах, Господарот на Величествениот Трон. Нема друг вистински бог освен Аллах, Господарот на небесата, земјата и Благородниот Трон.)
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, на неговата сеџда изговараше: „Аллахумме-гфир ли зенби куллеху: диккаху ве џиллеху, ве еввелеху ве ахиреху, ве ʿаланијетеху ве сирреху. (Аллаху мој, прости ми ги сите мои гревови – малите и големите, и првите и последните, и јавните и скриените!)“
„Навистина, вашиот Господар е Срамежлив и Благороден – се срами од Својот роб кога тој ќе ги крене рацете (со дова) кон Него, да ги врати празни.“
„Јас, по тебе, изговорив четири зборови – по трипати – кои, ако се споредат со сè што го кажа од утринава, тие ќе натежнат
„Нема да се одржи ниту една седенка на која нема да се спомене Аллах и нема да се испрати салават на нивниот пратеник, а, таа седенка, да не биде причина за нивно каење. Па, ако сака – Аллах ќе ги казни, а ако сака – ќе им прости.“
„Не колнете го ветерот! А кога ќе видите нешто што не ви се допаѓа, кажете: ,О Аллаху, Те молиме за доброто на овој ветер, за доброто што е во него и за доброто со кое е испратен. А кај Тебе бараме засолниште од неговото зло, од злото што е во него и од злото со кое е испратен.‘“ (Аллахумме инна нес-елуке мин хајри хазихир-риих, ве хајри ма фиха, ве хајри ма умирет бих; ве неузу бике мин шерри хазихир-риих, ве шерри ма фиха, ве шерри ма умирет бих.)
„Никој од вас нека не вели: ,Аллаху мој, прости ми ако сакаш; смилувај ми се ако сакаш; дарувај ме ако сакаш‘, туку нека биде решителен во своето барање, бидејќи Аллах го прави она што сака и никој не може да Го принуди.“
„Нека биде понижен човекот кому ќе му биде спомнато моето име, и нема да испрати салават врз мене. Нека биде понижен човекот што ќе го дочека месецот рамазан, и нема да му биде простено до неговиот крај. И нека биде понижен човекот чии родители ќе ја доживеат староста кај него, а тој преку нив нема да го заслужи Џенетот.“
„Сите срца на потомците на Адем се меѓу два прста од прстите на Милостивиот – како едно срце – и Тој ги насочува како што сака.“
„Кој ќе рече: ,Задоволен сум со Аллах како Господар, со исламот како вера и со Мухамед како пратеник‘ – нему му е загарантиран Џенетот.“