عَنْ سَهْلِ بْنِ سَعْدٍ رَضِيَ اللهُ عَنْهُ أَنَّ رَسُولَ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ قَالَ:
«لَا يَزَالُ النَّاسُ بِخَيْرٍ مَا عَجَّلُوا الْفِطْرَ».

Од Сехл бин Сад, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Луѓето ќе останат во добро сè додека побрзуваат со ифтарот.“

صحيح متفق عليه صحيح مسلم - 1098

Објаснување

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, известил дека луѓето ќе останат во добро сè додека брзаат со ифтарот при постот, откако сигурно ќе се потврди зајдисонцето – и тоа како израз на постапување според сунетот и придржување кон неговите граници.

من فوائد الحديث

  1. Имамот ен-Невеви рекол: „Хадисот поттикнува да побрзаме со ифтарот откако ќе се потврди зајдисонцето. Неговото значење е дека состојбата на уметот ќе остане стабилна, и тие ќе бидат во добро сè додека се придржуваат кон овој Сунет. А доколку го одложуваат ифтарот, тоа ќе биде знак на декаденцијата во која ќе западнат.“
  2. Опстанокот на доброто кај луѓето е поврзан со следењето на Сунетот, додека пак нарушувањето на состојбите доаѓа со неговото напуштање.
  3. Потребата од разликување од следбениците на Книгата и новотарите, кои го одложуваат ифтарот.
  4. Ибн Хаџер рекол: „Во хадисот се појаснува причината за тоа.“ Мухеллеб вели: „Мудроста во побрзувањето со ифтарот е во тоа да не се додава дел од ноќта на денот, а и затоа што тоа е попогодно за постачот и му дава поголема сила за ибадет. Учените се согласни дека побрзувањето со ифтарот важи откако ќе се потврди зајдисонцето – било преку лично гледање, или преку сведоштво на двајца праведни лица, а според посилното мислење, доволно е и сведоштво на едно праведно лице."
  5. Ибн Хаџер рекол: „Напомена: Една од опасните новотарии што се појавиле во нашево време е учењето на вториот езан (за сабахот) околу дваесет минути пред појавата на вистинската зора во месецот рамазан, како и гаснењето на светилките што служат како знак за престанок на јадењето и пиењето за оној што има намера да пости – со образложение од страна на тие што го вовеле ова дека тоа е ,претпазливост‘ во ибадетот. Меѓутоа, за тоа знаат само малкумина. Ова, пак, довело до друга новотарија – да не се рецитира езанот сè до одреден степен по зајдисонце, под изговор дека така се осигурува влегувањето на времето, па на тој начин го одложиле ифтарот, а пораниле сехурот – што е спротивно на Сунетот. Затоа, кај нив се намалило доброто, а се зголемило злото. Аллах нека ни биде напомош.“

Преглед на преводи

47 Јазик
EN English Англиски
UR اردو Урду
ES Español Шпански
ID Indonesia Индонезиски
UG ئۇيغۇرچە Ујгурски
BN বাংলা Бенгалски
TR Türkçe Турски
RU Русский Руски
BS Bosanski Босански
SI සිංහල Синхала
HI हिन्दी Индијски
ZH 中文 Кинески
FA فارسی Персиски
VI Tiếng Việt Виетнамски
TL Tagalog Тагалог
KU Kurdî Курдски
HA Hausa Хауса
PT Português Португалски
ML മലയാളം Малајалам
TE తెలుగు Телгу
SW Kiswahili Свахили
TA தமிழ் التاميلية
MY မြန်မာ البورمية
TH ไทย التايلندية
DE Deutsch الألمانية
PS پښتو بشتو
AS অসমীয়া الأسامية
SQ Shqip الألبانية
SV Svenska السويدية
AM አማርኛ الأمهرية
NL Nederlands الهولندية
GU ગુજરાતી الغوجاراتية
NE नेपाली النيبالية
PRS دری الدرية
SR Српски الصربية
RO Română الرومانية
HU Magyar المجرية
MOS Moore الموري
MG Malagasy المالاجاشية
OM Oromoo الأورومو
KN ಕನ್ನಡ الكانادا
WO Wolof الولوف
UK Українська الأوكرانية
KA ქართული الجورجية
KM ភាសាខ្មែរ الخميرية
PA ਪੰਜਾਬੀ البنجابية
MR मराठी الماراثية