Листа на хадиси

841Листа на хадиси

Листа на хадиси 841

„Аллах нека му се смилува на човекот кој е лесен кога продава, кога купува и кога го побарува своето право
„Имаше еден човек кој им даваше заеми на луѓето и му велеше на својот слуга: ,Ако наидеш на некој што е во тешка ситуација, прости му го долгот, можеби Аллах ќе ни прости нам.’
„Навистина има луѓе кои го злоупотребуваат јавниот имот, за таквите е подготвен Џехенемот на Судниот ден
„Возвишениот Аллах вели: Секое дело што го прави синот Адемов, му припаѓа нему, освен постот! Навистина, постот е Мој и Јас го наградувам за него
„Секој кој ќе го исполни постот во месецот рамазан, верувајќи и очекувајќи награда за тоа, ќе му се простат гревовите кои претходно ги направил
„Во Џенетот има една врата која се вика Ер-Рејан. На Судниот ден низ неа ќе влегуваат само постачите – никој друг нема да влезе преку таа врата
„Кога ќе настапи месецот рамазан – се отвораат вратите на Џенетот, се затвораат вратите на Џехенемот, и се оковуваат шејтаните.“
„Кој ќе заборави дека пости, па ќе јаде или ќе пие, нека го доврши својот пост, затоа што Аллах (така) го нахранил и го напоил.“
„Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, престојувал во итикаф во последните десет дена од рамазанот, сè додека Аллах не му ја зема душата. По него, и неговите сопруги продолжија да го практикуваат итикафот.“
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, се трудел во последните десет ноќи повеќе отколку што се трудел во кое било друго време
Кога ќе настапеа последните десет ноќи од рамазанот, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ја оживуваше ноќта (со ибадет), ги будеше домашните, се посветуваше на ибадетот со уште поголема посветеност и го стегаше појасот.“
„Кој ќе пости еден ден на Аллаховиот пат, Аллах ќе го оддалечи неговото лице од Огнот за седумдесет есени (години).“
„Мојот близок пријател, алејхи селам, ми остави во завет три работи: да постам три дена секој месец, да клањам два реката духа-намаз и да клањам витр-намаз пред спиење.“
„Јадете сехур, зашто навистина во сехурот има бериќет.“
„Присуствував на Бајрам со Омер бин ел-Хатаб, Аллах нека е задоволен со него, и тој рече: ,Ова се двата дена на кои Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го забранил постењето: рамазанскиот Бајрам, кога го завршува постот, и другиот ден – кога јадете од вашите курбани.‘“
„Кој ќе ја помине ноќта на Лејлетул Кадр во намаз, верувајќи и очекувајќи награда за тоа, ќе му се простат гревовите кои претходно ги направил
,Кој ќе го изврши аџилакот заради Аллах, без да говори непристојни зборови и без да направи грев, ќе се врати како на денот кога го родила мајка му.’“
„Редовно извршувајте аџилак и умра – бидејќи тие ја отстрануваат сиромаштијата и гревовите, како што ковачкиот оган ја чисти нечистотијата од железото, златото и среброто. А за примениот аџилак нема друга награда освен Џенет.“
„Леббејке Аллахумме леббејк, леббејке ла шерике леке леббејк, иннел-хамде вен-ниʿмете леке вел-мулк, ла шерике лек.“ (Се одзивам, Аллаху мој, се одзивам, Ти се одзивам Тебе кому никој не му е рамен, Ти се одзивам, благодарноста и благодатите се Твои, а Твоја е и власта, Тебе кому никој не му е рамен.)
„Нема денови во кои доброто дело му е помило на Аллах од овие денови“, т.е. во првите десет дена од месецот Зул-Хиџе
„Борете се против многубошците со вашите имоти, животи и јазици.“
Остави го она во што се сомневаш за она во што не се сомневаш, бидејќи искреноста е спокој, а лажењето е сомнеж.‘“
„Навистина, Аллах на мојот умет ќе му го прости она си го помислуваат, сè додека не го спроведат во дело или не го изразат со зборови.“
„Аллах не гледа во вашиот изглед и вашиот имот, туку гледа во вашите срца и вашите дела.“
„Аллах е љубоморен, и верникот е љубоморен. Аллах е љубоморен кога верникот ќе направи нешто што му е забрането.“
„Избегнувајте ги седумте гревови кои предизвикуваат пропаст
,Дали сакате да ве известам за најголемите гревови?
„Големи гревови се: придружување на друг на Аллах (ширк), непослушност кон родителите, бесправното убиство и лажната заклетва (кривоклетство).“
„Прво за што ќе плагаат пресметка луѓето на Судниот ден е пролеаната крв (убиството).“
„Кој ќе убие немуслиман во исламска земја (а истиот има загарантирана безбедност), нема да го помириса мирисот на Џенетот, а неговиот мирис може да се почувствува од далечина од четириесет години.“
„Во Џенетот нема да влезе тој што ги кине роднинските врски
„Кој сака да има изобилно снабдување, и да му се продолжи животот, нека ги одржува роднинските врски
„Вистински ги одржува роднинските врски не оној што само возвраќа на посетите, туку оној кој ја одржува врската дури и кога таа е прекината.“
„Реков: ,О, Аллахов пратенику, кому треба најмногу да му укажам добрина?‘ Тој одговори: ,На мајка ти, па на мајка ти, па на мајка ти, па на татко ти, а потоа на оние што се најблиски – според роднинската блискост.‘“
„Дали знаете што е озборување?“ Рекоа: „Аллах и Неговиот пратеник тоа најдобро го знаат.“ Рече: „Да го спомнеш твојот брат со она што тој го мрази.“
„Секое опојно средство е алкохол и секое опојно средство е харам. Кој ќе пие алкохол на овој свет и умре зависен од него, без да се покае, нема да го пие на идниот свет.“
Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го проколнал оној што подмитува и оној што прима мито при судење
„,Не завидувајте еден на друг, не зголемувајте ја лажно цената при купување (за да го измамите другиот), не мразете се, не свртувајте грб еден на друг и не продавајте преку продажбата на вашиот брат. Бидете Аллахови робови и браќа!
„Пазете се од сомнежот, навистина тој е најлажниот говор
„Нема да влезе во џенет ,катат'
„Ќе им биде простено на сите мои следбеници, освен оние кои јавно ќе го разгласат (гревот)
О, луѓе, навистина Аллах ја отстрани од вас горделивоста и надменоста на џахилиетот и вашето фалење со потеклото и предците
„Најлош човек кај Аллах е кавгаџијата што се расправа.“
„Кога два муслимана ќе ги вкрстат меѓусебно сабјите, и убиецот и убиениот ќе бидат во Џехенемот
„Кој ќе го крене оружјето против нас – тој не е од нас.“
„Не зборувајте лошо за умрените, бидејќи тие се сретнаа со тоа што го подготвија (на овој свет)
„Не му е дозволено на човекот да не зборува со својот брат повеќе од три дена, се сретнуваат и еден на друг му го вртат грбот. Подобар е тој што прв ќе се поздрави со селам.“
„Кој ќе ми гарантира дека ќе го чува она што е меѓу неговите вилици и она што е меѓу неговите нозе, јас му го гарантирам Џенетот.“
„Жената не патува растојание кое се поминува за два дена, ако не е придружувана од мажот или од махрем
„После мене, за мажите, не оставив поголемо искушение од жените.“
,,Кој има можност да се ожени, нека го стори тоа, бидејќи тоа најдобро го чува погледот и ја штити чедноста. А кој не може, нека пости, бидејќи постот е заштита за него
„Дуњалукот (овој свет) е сладок и зелен. Возвишениот Аллах те создаде на него за да види како ќе работиш. Затоа, чувај се од овој свет и чувај се од жените
„Реков: ,О, Божји пратенику, кои се правата на сопругата над нејзиниот сопруг?‘ Тој одговори: ,Да ја храниш кога и самиот јадеш, да ја облекуваш кога и ти се облекуваш или кога стекнуваш, да не ја удираш по лицето, да не ја навредуваш и да не ја одбегнуваш освен во домот.‘“
„,О жени, давајте садака/милосрдие, бидејќи ми беше покажано дека повеќето жители на Џехенемот сте вие.‘ Тие го прашаа: ,А зошто, о Божји пратенику?‘ Тој одговори: ,Затоа што многу проколнувате и не сте благодарни на вашите сопрузи. Не сум видел никого со помал разум и вера кој би можел да му го одземе разборот на разумен маж повеќе од една од вас.‘
„Пазете се од влегувањето кај жените“. Еден човек од енсарите рече: „О, Аллахов Пратенику, што мислиш за братот на сопругот?“ Тој рече: „Тој е смрт“
„Нема валиден брак без старател.“
„Секој брак на жена склучен без дозвола од нејзиниот старател е неважечки.“ – ова го повторил трипати -. „Ако мажот има интимен однос со неа, таа го заслужува мехрот поради односот. А ако настане несогласување, тогаш владетелот е старател на оној што нема старател.“
„Проклет е оној што ќе има интимен однос со својата жена во нејзиниот анален отвор.“
„Најважен услов кој мора до го исполните е оној со кој ви се дозволени интимните делови (односи).“
„Овој свет е (привремено) уживање, а најголемото уживање на овој свет е добра сопруга.“
„Го прашав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, за ненадејниот поглед (кон нешто забрането), па ми нареди веднаш да го свртам погледот настрана.“
„Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, жртвуваше два рогати црни овна со белило на врвовите на влакната. Ги закла со своја рака, изговарајќи ,Бисмиллах‘ и ,Аллаху екбер‘, а потоа ја стави својата нога врз нивните бокови.“
„Должината на облеката (изарот) кај муслиманот треба да биде до средината на потколеницата. Нема грев ако е помеѓу тоа и глуждовите, но она што е под глуждовите – е во Оганот. А оној што ја влече (спушта) својата облека од гордост – Аллах нема ни да го погледне.“
„Не носете свила и брокат, не пијте од златни и сребрени садови и не јадете од таквите чинии, бидејќи тие се за нив (немуслиманите) на овој свет, а за нас на идниот свет.“
„Перото е подигнато (не запишува) за тројца: за оној што спие сè додека не се разбуди, за детето сè додека не достигне зрелост и за лудиот сè додека не се освести.“
Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, забранил „ел каз“ (да избричиме дел од главата, а другиот дел да го оставиме)
„Заколнувањето (при купопродажба) го поттикнува продавањето на стоката, но го уништува бериќетот од добивката.“
„Скратете ги мустаќите и пуштајте ги брадите.“
„Мажот да не гледа во интимниот дел од телото на друг маж, а жената да не гледа во интимниот дел од телото на друга жена
Најдобрите од вас се оние со најубав карактер.‘“
„Верникот со убаво однесување ќе го достигне степенот на тие коишто често постеле и клањале (доброволно).“
„Верник со најпотполен иман-верување е тој со најубаво однесување, а најдобар помеѓу вас е тој што најубаво се однесува кон жените.“
дека Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, бил прашан: „Што најмногу ќе ги однесе луѓето во Џенетот?" „Богобојазливоста и убаво однесување
„Аллаховиот пратеник, алејхи селам, имаше најубав карактер.“
Неговиот морал беше Куранот.“, одговори таа
„Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, преферираше да започнува со десната страна при обувањето обувки, чешлањето, земањето абдест и во сите свои постапки.“
„Возвишениот Аллах наредил доброчинство и убаво однесување во секоја работа
„Навистина, праведните кај Аллах се на минберите (возвишените места) од светлината; покрај десната Рака од Милостивиот, а двете Негови се десни
„Не се прави штета, ниту се возвраќа со правење штета, а кој ќе направи некаква штета, Аллах ќе му наштети, а кој на другите им отежнува, Аллах нему ќе му отежне
„Примерот на добриот пријател и лошиот пријател е како примерот на оној што носи миск и оној што дува во ковачка мешина
Немој да се лутиш
„Не е силен, тој кој е појак во борењето, силен е тој кој се контролира себеси во лутина.“
„Четири особини го прават човекот лицемер во целост, а оној кој поседува една од нив има особина на лицемерство сè додека не ја напушти: кога му се доверува – изневерува, кога зборува – лаже, кога се обврзува – го прекршува договорот, и кога расправа – ги преминува границите.“
„Верникот не навредува, не проколнува, не е безобразен ниту бесрамен.“
Срамот е од верувањето
„Кога човекот ќе го засака својот брат, нека му каже дека го сака.“
„Секое добро дело е милостина
„За секој зглоб од телото на човекот следува садака
„Кој, на еден верник, ќе му олесни неволја од неволјите на овој свет, Аллах ќе му олесни неволја од неволјите на Судниот ден
„Нема да се придвижат стапалата на човекот на Судниот ден сè додека не биде прашан за четири работи: за неговиот живот – на што го потрошил, за неговото знаење – дали работел според тоа, за неговиот имот – како го заработил и како го потрошил и за неговото тело, како го користел.“
„Тој што се грижи за вдовицата и сиромашниот е како борецот на Аллаховиот пат или како оној кој ноќе клања, а дење пости.“
„Кој верува во Аллах и во Судниот ден, нека зборува добро, или нека молчи
„Не потценувај ниедно добро дело, па дури и тоа да го пресретнеш братот муслиман со насмевка на лицето
„Придржувајте се кон искреноста, бидејќи искреноста води кон добродетелството, а добродетелството води кон Џенетот
„Кој нема милост кон луѓето и Аллах нема да има милост кон него.“
„На милостивите ќе им се смилува Милостивиот, бидете милостиви кон оние што се на Земјата, ќе ви се смилува Оној Кој е на небесата.“
„Муслиман е оној од чии јазик и раце се сигурни останатите муслимани, а мухаџир е оној кој ќе го напушти она кое Аллах го забранил.“
„Обврските на муслиманот кон другиот муслиман се пет на број: да му го возврати на селамот, да го посети болниот, да го следи џеназето, да му се одзвие на поканата и да му посака сомилост од Бог на оној што ќе кивне.“
„Се колнам во Аллах, нема да влезете во Џенетот додека не поверувате, а нема да поверувате додека не се засакате меѓусебно. Па зарем не сакате да ве известам за нешто кое, ако го правите, ќе се сакате? Ширете го селамот помеѓу вас.“
„Некој човек го прашал Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем: ,Кој е најдобриот ислам?‘, Тој одговорил: ,Да го нахраниш и да го поздравиш со селам и оној што го познаваш и оној што не го познаваш.‘“
„,Сакате ли да ви укажам на дела преку кои Аллах ги брише гревовите и ги воздигнува степените?
„Силниот верник е подобар и подраг кај Аллах од слабиот верник, а во двајцата има добро
„,Бидете умерени и настојувајте да постапувате исправно, и знајте дека никој од вас нема да биде спасен поради своите дела.‘ Тие рекоа: ,О, Божји пратенику, дури ниту ти?‘ Тој одговори: ,Ниту јас, освен ако Аллах не ме облее со Својата милост и благодат.‘“
„Џибрил толку често ме советуваше (да се однесувам добро) со соседот, што помислив дека ќе има удел во наследството.“
„Кој ќе ја одбрани честа на својот брат, Аллах ќе го заштити неговото лице од џехенемскиот оган на Судниот ден.“
„Никој од вас нема да биде вистински верник сè додека не му го посакува на својот брат она што го посакува за себе.“
„Блажината каде и да е, ја разубавува секоја работа, а таму каде што изостанува таа работа се нагрдува.“
„Навистина верата е лесна, и секој што ќе се обиде да претерува во неа, таа ќе го надвладее
„Олеснувајте, а не отежнувајте, израдувајте и не растерувајте.“
Бевме кај Омер, па ни рече: „Ни беше забрането да бидеме услини/извештачени.“
„Кога некој од вас ќе јаде, нека јаде со својата десна рака, и кога ќе пие, нека пие со својата десна рака, бидејќи шејтанот јаде со својата лева рака и пие со својата лева рака.“
О, момче, кажи Бисмиллах (со името на Аллах), јади со десната рака и јади од она што е пред тебе
„Аллах е задоволен од робот кој, кога нешто јаде, Му Се заблагодарува за тоа, или кога нешто пие, Му Се заблагодарува за тоа.“
дека еден човек кај Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, јадел со левата рака. Пратеникот му рекол: „,Јади со десната рака‘, а тој одговорил: ,Не можам‘. Пратеникот му кажа: ,И да не можеш!‘
„Кој јадел лук или кромид, нема да ни се придружи – или рече: нека не ѝ се приближува на џамијата, туку нека остане во неговата куќа.“
„Кој по јадењето ќе каже: Елхамду лиллахиллези ет‘амени хаза ве резаканихи мин гајри хавлин мини ве ла кувветин (Благодарност на Аллах, Кој ме нахрани со ова и ме снабди без моја сила и моќ), ќе му бидат простени претходните гревови.“
,,Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кога ќе кивнел, ја ставал раката или облеката врз устата и се обидувал да го намали гласот на кивањето
„Аллах сака да се прифатат Неговите олеснувања, исто како што сака да се прифатат и Неговите строги наредби.“
„Кому Аллах му посакува добро, го става на искушение
„Верникот кој ќе биде погоден од болест, неволја, грижа, тага, слабост или болка, дури и трнот со кој ќе се боцне, Аллах, Возвишениот, поради тоа ќе му ги прости гревовите.“
„Искушенијата нема да престанат да го снаоѓаат верникот и верничката – во нив самите, во нивните деца и во нивниот имот – сè додека не го сретнат Аллах, без ниту еден грев.“
„Чудна е состојбата на верникот; тој секогаш е во добро и само верникот може да биде во таква состојба
„Робот кога ќе се разболи или ќе биде на пат, ќе му биде запишана наградата за она што го прави, како за делата кои имал навика да го прави како кога бил здрав и дома.“
„Побрзајте со добрите дела пред да дојдат искушенија што ќе бидат како мрачните темнини на ноќта
,Кому Аллах посакува добро, ќе му даде да ја разбере верата
„Аллах нека го осветли лицето на оној што ќе чуе нешто од нас, па тоа го пренесе онака како што го слушнал. Можеби оној кому му го пренел – подобро ќе го разбере од оној што го чул.“
„Не изучувајте го знаењето за да се фалите пред учените, ниту за да расправате со незнајковците
„Најдобриот меѓу вас е оној кој ќе го научи Куранот и другите ќе ги подучува со него.“
кога ќе научеле десет ајети од Пратеникот, не продолжувале со следните десет додека не ги разберат и применат знаењата и делата содржани во тие ајети
„Кој ќе проучи харф - буква од Аллаховата Книга, ќе има добро дело, за кое ќе биде десетократно награден
„На читачот на Куранот ќе му се каже: Читај и искачувај се, и рецитирај како што рецитираше на дуњалукот, бидејќи твоето место ќе биде кај последниот ајет што ќе го прочиташ.“
„Дали некој од вас би сакал, кога ќе се врати дома, да најде три големи, дебели камили?
„Грижете се за Куранот, бидејќи, се колнам во Оној во чии Раце е душата на Мухамед, тој побргу бега (од помнењето) од камилата кога не е врзана.“
„Не претворувајте ги вашите куќи гробишта, навистина, шејтанот бега од куќата во која се рецитира сурата Бекаре.“
О Ебу Мунзир, знаеш ли кој е највредниот ајет во Аллаховата Книга?“ Одговорив: „Аллах е, нема друг бог освен Него, Живиот и Самоопстојувачкиот Одржувател!“ Тогаш тој ме удри по градите и рече: „Ти честитам на знаењето, Ебу Мунзир.“
„Кој ќе ги рецитира последните два ајета од сурата Ел Бекаре во текот на ноќта, тие ќе му бидат доволни.“
„Кој ќе научи напамет десет ајети од почетокот на сурата Ел-Кехф, ќе биде заштитен од Деџалот.“ Во друга верзија стои: „...од крајот на сурата Ел-Кехф.“
„Довата е ибадет
„Божјиот пратеник, алејхи селам, го спомнуваше Аллах во секоја ситуација.“
„Кај Аллах нема ништо повредно од довата
„Ниту еден муслиман нема да упати дова во која нема грев, ниту прекин на роднинските врски, а Аллах да не му даде преку таа дова една од три работи: или ќе му ја исполни веднаш, или ќе му ја зачува за Ахирет, или ќе го заштити од некакво зло во иста мера.“ Асхабите рекоа: „Тогаш да правиме дова уште повеќе.“ А тој одговори: „Аллах ќе даде уште повеќе.“
Затоа, кога ќе го молите Аллах – барајте Фирдевс!“
„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, често изговарал: ,О, Ти што ги превртуваш срцата, зацврсти го моето срце во Твојата вера!‘
„Аллаху мој, поправи ја мојата вера која е моја сигурност
„Аллахумме, инни ес елукeл-’афијете фиддунја вел ахирети
„Аллахумме инни ес'елуке минел-хајри куллихи, 'аџилихи ве аџилихи, ма 'алимту минху ве ма лем е'алем, ве е'узу бике минеш-шерри куллихи, 'аџилихи ве аџилихи, ма 'алимту минху ве ма лем е'алем
„Навистина, иманот ветвее во вашите срца како што се аби старата облека. Затоа, молете го Аллах да го обнови иманот во вашите срца.“
„Сласта на иманот ја вкусил оној што е задоволен Аллах да му биде неговиот Господар, исламот неговата вера и Мухамед неговиот пратеник.“
, непрестано на крајот од секој намаз да велиш: Аллахумме еинни ала зикрике ве шукрике ве хусни ибадетике.‘“
„Аллаховиот роб е најблизок до својот Господар кога е на сеџда, тогаш молете се најмногу.“
Најчестата дова на Пратеникот, алејхи селам, била: „ Аллахумме раббена атина фид-дунја хасенетен, ве фил-ахирети хасенетен, ве кина азабен-нари.“(Господару наш, дај ни добро на овој и на оној свет и сочувај нè од казната во огнот)
„,Сакате ли да ве известам за најдоброто од вашите дела, најчистото кај вашиот Господар, она што најмногу ги воздигнува вашите степени
,Ме праша за голема работа, но лесно му е на оној кому Аллах му олеснува
раскажува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, секоја ноќ кога ќе легнел во постела, ги собирал дланките, дувал во нив и рецитирал: (Кажи: „Тој е Аллах, Еден е!"), (Кажи: „Барам заштита кај Господарот на мугрите.") и (Кажи: „Барам заштита кај Господарот на луѓето")
Најдобраната помеѓу довите за барањето прошка за гревовите е
„Аллахумме бике асбахна ве бике емсејна ве бике нахја ве бике немуту ве илејкен-нушур“ (Алаху, со Тебе го започнуваме утрото, со Тебе ја завршуваме вечерта, со Тебе живееме, со Тебе умираме, а кај Тебе е оживувањето)
Кој ќе каже трипати: ,Во името на Аллах, со чие име ништо не може да му наштети (на човек), на Земјата или на небото, а Тој сè Слуша, и сè знае“ трипати, нема да го снајде ненадејна несреќа до утрото
,Кажи ги ,Кул хуваллаху ехад‘ и двете заштитнички сури (Фелек и Нас) трипати навечер и наутро, тоа ќе те заштити од сè.‘“
,Аллаху мој, барам прибежиште во Твоето задоволство од Твојот гнев, во Твојата прошка од Твојата казна, и барам прибежиште во Тебе од Тебе. Не можам да Те пофалам доволно – Ти си тако како што Себеси си се пофалил.‘“
„На Аллах најмил говор Му се четири реченици: Субханалах, Елхамдулиллах, Ла илахе иллаллах и Аллаху Екбер, не е важно со која би започнал
„Кој ќе каже: ,Ла илахе иллаллаху вехдеху ла шерике леху, лехул-мулку ве лехул-хамду ве хуве ала кулли шејин кадир‘, десетпати
„Два збора, лесни за јазикот но тешки на вагата, мили на Милостивиот
„Кој ќе каже: ,Субханаллахи ве би хамдихи‘, во еден ден, стопати, ќе му се избришат гревовите, дури и да се колку што ја има морската пена.“
„Чистотата е половина од верувањето. Зборот „елхамдулиллах“ ја исполнува вагата, а зборовите „субханаллах“ и „елхамдулиллах“ го исполнуваат просторот помеѓу небесата и земјата
„Повеќе сакам да кажам: ,субханаллах, елхамдулиллах, ла илахе илаллах, Aллаху екбер‘, отколку да поседувам она врз кое изгрева Сонцето.“
„Најдобриот зикр е: Ла илахе иллаллах, а најдобрата дова е: Елхамдулиллах.“
„Кој ќе отседне на некое место и каже: ,Е’узу би келиметиллахит-таммати мин шерри ма халека.‘ (Барам заштита, со потполните Аллахови зборови од злото кое го создал.) Ништо лошо нема да му се случи сè додека не замине од тоа место.“
„Кога некој од вас ќе влезе во џамијата, нека каже: ,Аллахумме ифтах ли ебвабе рахметик‘ (О Аллах, отвори ми ги вратите на Твојата милост); а кога ќе излегува, нека каже: ,Аллахумме инни ес’елуке мин фадлик‘ (О Аллах, јас барам (да ми подариш) од Твојата дарежливост).“
„Кога некој ќе го спомене Аллах при влегувањето дома и додека јаде, шејтанот им вели на своите другари: ,Вечерва немате ниту сместување ниту вечера
„Кој во текот на еден ден ќе каже: Ла илахе иллаллах, вахдеху ла шерике лех, лехул-мулку ве лехул-хамду, ве хуве ‘ала кулли шеј-ин кадир (Нема друг Бог освен Аллах, Единствениот, Кој нема содружник; Негова е власта и Нему му припаѓа благоданоста, и Тој е Семоќен) стопати
„Кој ќе Го сретне Аллах без да Му правел ширк, ќе влезе во Џенетот, а кој ќе Го сретне правејќи Му ширк, ќе влезе во Огнот.“
“На Судниот ден ќе биде повикан човек од мојот умет пред сите створенија
„О, Аллахов пратенику, не оставив ниту мал ниту голем грев а да не сум го сторил.“ Пратеникот го праша: „Сведочиш ли дека нема друг вистински бог освен Аллах и дека Мухамед е Аллахов пратеник?“
бидејќи никогаш не рече: Господару мој, прости ми ги гревовите на Судниот ден.’“
,Во себе чувствуваме толку лоши мисли кои не се осмелуваме да ги изговориме.’ Тој ги праша: ,Навистина ли го чувствувате тоа?’ Тие одговорија: ,Да.’ Тој рече: ,Тоа е јасен показател на иманот.’“
фала му на Аллах кој ги сведе шејтанските сплетки само на дошепнувања
„Постојат шест вида дела и четири типа на луѓе. Две дела се задолжителни, едно дело за кое човекот ќе биде награден или казнет на ист начин, едно дело за кое ќе добие десеткратна награда, и едно дело за кое ќе добие седумстотиникратна награда
„Примерот на лицемерот е како примерот на овцата што се движи помеѓу две стада, час оди во едното, час во другото.“
,Еден од предзнаците на Судниот ден е кога знаењето ќе го снема, а незнаењето ќе се прошири. Блудот и пиењето алкохол ќе станат почести, бројот на мажите ќе се намали, а бројот на жените ќе се зголеми, така што на педесет жени ќе има само еден маж кој ќе се грижи за нив.’“
„Судниот ден нема да настапи додека не се борите против евреите, така што каменот зад кој ќе се крие евреин ќе повика: ‘О муслиману, зад мене има евреин, убиј го.’“
„Часот нема да настапи додека Сонцето не изгрее од запад. Кога ќе изгрее од запад и луѓето ќе го видат, сите ќе поверуваат
„Ќе бидам покрај хаудот и ќе гледам кој од вас ќе дојде кај мене. Некои луѓе ќе бидат оддалечени од мене, па ќе прашам: Господару мој, тие се мои, од мојот умет
Се колнам во Оној во чија рака е душата на Мухамед, бројот на неговите садови е поголем од бројот на ѕвездите и планетите
„Сè е предодредено, дури и немоќта и способноста, или способноста и немоќта.“
„Кога Аллах ќе одреди некој роб да умре на одредено место, му создава потреба да оди таму.“
Јас сум Димам бин Салебе, испратен од племето Бени Сад бин Бекр.'“
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, спомена нешто и рече: „Тоа ќе се случи кога знаењето ќе исчезне.“
Не им верувајте на следбениците на Книгата и не ги негирајте. Наместо тоа, кажете: „Ние веруваме во Аллах, и во тоа што ни се објавува.“
„Аллах даде пример за правиот пат
„Објавата почна да му доаѓа на Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кога имаше четириесет години
„Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, не ја знаеше границата меѓу сурите додека не му беше објавено: 'Бисмиллахир-рахманир-рахим.' (Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот.)“
,,Оној кој јавно (на глас) го рецитира Куранот е како оној кој јавно дава садака, додека оној кој тајно (во себе) го рецитира Куранот е како оној кој тајно дава садака.“
Зарем Оној кој му овозможи да оди на двете нозе на земјата, не е во можност да го направи да оди на своето лице на Судниот ден?
„Кој наштетува Аллах ќе му наштети, кој отежнува Аллах ќе му отежни.“
„Аллах го сака Својот богобојазлив роб, кој е богат и скришум прави добри дела.“
Навистина Аллаховиот пратеник, алејхи селам, никогаш не одбил мирис (парфем)
„Кој ќе стекне знаење од астрологија, во толкава мерка ќе стекне знаење за сихр-маѓија. Едното се зголемува со другото.“
Да помине покрај секоја камила и да им го скине ѓерданот од конец и секој друг ѓердан од околу вратот“
Тој збор е вистината што џинот-шејтанот ја грабнува и му ја пренесува на гатачот, а кон тој збор додаваат повеќе од сто лаги.‘“
„Алаховиот Пратеник, алејхи селам, нè научи на хутбетул-хаџе