„Навистина делата се вреднуваат според намерите, и навистина секој човек ќе го добие она што го имал како намера
кажи ми нешто за исламот, за што нема да морам никого да прашувам после тебе?‘ Аллаховиот пратеник, алејхи селам рече: ,Речи: Верувам во Аллах, а потоа биди истраен во тоа.‘“
„Чистотата е половина од верувањето. Зборот „елхамдулиллах“ ја исполнува вагата, а зборовите „субханаллах“ и „елхамдулиллах“ го исполнуваат просторот помеѓу небесата и Земјата
„Никој од вас нема да има вистински иман сè додека неговите страсти не се покорат на она со што сум пратен.“
„Четири особини го прават човекот лицемер во целост, а оној кој поседува една од нив има особина на лицемерство сè додека не ја напушти: кога му се доверува – изневерува, кога зборува – лаже, кога се обврзува – го прекршува договорот, и кога расправа – ги преминува границите.“
„Добродетелство е убавото однесување, а грев е она што ти тежи во градите и не сакаш да го дознаат луѓето.“
„Големи гревови се: придружување на друг на Аллах (ширк), непослушност кон родителите, бесправното убиство и лажната заклетва (кривоклетство).“
Јас сум Тој што најмалку има потреба некој да му се здружува. Кој ќе направи дело во кое ќе Ми здружи некого, го оставам него и неговиот ширк
„Кој ќе Го сретне Аллах без да Му правел ширк, ќе влезе во Џенетот, а кој ќе Го сретне правејќи Му ширк, ќе влезе во Огнот.“
„Кој ќе ми гарантира дека ќе го чува она што е меѓу неговите вилици и она што е меѓу неговите нозе, јас му го гарантирам Џенетот.“
„Навистина има луѓе кои го злоупотребуваат јавниот имот, за таквите е подготвен Џехенемот на Судниот ден
дека Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, бил прашан: „Што најмногу ќе ги однесе луѓето во Џенетот?" „Богобојазливоста и убаво однесување
„Никој од вас нема да биде верник сè додека не ме сака повеќе од неговиот татко, неговото дете и од сите луѓе.“
„Чистотата е половина од верувањето. Зборот „елхамдулиллах“ ја исполнува вагата, а зборовите „субханаллах“ и „елхамдулиллах“ го исполнуваат просторот помеѓу небесата и земјата
кажи ми нешто за исламот, за што нема да морам никого да прашувам после тебе?‘ Аллаховиот пратеник, алејхи селам рече: ,Речи: Верувам во Аллах, а потоа биди истраен во тоа.‘“
Овие двајца се казнуваат, но не за нешто големо. Едниот се казнува затоа што не се заштитил при уринирање, а другиот се казнува затоа што пренесуваше туѓи зборови
„Дуњалукот (овој свет) е сладок и зелен. Возвишениот Аллах те создаде на него за да види како ќе работиш. Затоа, чувај се од овој свет и чувај се од жените
Еден човек го праша Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем: „,Кога ќе настапи Часот (Судниот ден)?‘ Тој му одговори: ,А што си подготвил за него?‘
„Примерот на добриот пријател и лошиот пријател е како примерот на оној што носи миск и оној што дува во ковачка мешина
„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, често изговарал: ,О, Ти што ги превртуваш срцата, зацврсти го моето срце во Твојата вера!‘
„Кој искрено ќе бара од Аллах да постигне шехадет, Аллах ќе му го подари степенот на шехидите/мачениците, дури и ако умре во својата постела.“
„Искушенијата нема да престанат да го снаоѓаат верникот и верничката – во нив самите, во нивните деца и во нивниот имот – сè додека не го сретнат Аллах, без ниту еден грев.“
„Чудна е состојбата на верникот; тој секогаш е во добро и само верникот може да биде во таква состојба
,На Судниот ден ќе биде доведен човек и ќе биде фрлен во Огнот. Неговите црева ќе излезат надвор, и тој ќе се врти околу нив како што магарето се врти околу меленицата
,Тоа е камен кој беше фрлен во Џехенемот пред седумдесет години и паѓаше сè до овој момент, кога конечно стигна до неговото дно.‘“
„Нема зараза што се пренесува сама по себе, ниту суеверие во лоши претскажувања, ниту верување во бувот како гласник на судбината, ниту во месецот сефер како навестувач на несреќа. Бегај од лепрозниот како што бегаш од лавот.“
Реков: „,О, Божји пратенику, во што е спасот?‘ Тој одговори: ,Чувај го својот јазик, нека твојот дом ти биде доволен и плачи за своите гревови.‘
„,Една од работите за кои стравувам за вас по мојата смрт е она што ќе ви се отвори од раскошот и украсите на овој свет.‘
„Најлесната казна во Џехенемот ќе ја има оној што ќе носи чевли со ремчиња од оган, од кои неговиот мозок ќе врие како што врие казанот. Тој ќе мисли дека никој не е во потешка казна од него, а всушност, неговата казна ќе биде најлесна од сите.“
,Добродетелство е убавото однесување, а грев е она што ти тежи во срцето и не сакаш да го дознаат луѓето.‘“
„Навистина, Семоќниот и Возвишениот Аллах ја пружа Својата рака ноќе за да му даде можност за покајание на оној кој згрешил преку денот и ја пружа Својата рака дење за да му даде можност за покајание на оној кој згрешил во текот на ноќта, сè додека Сонцето не изгрее од западот.“
О сине Адемов, сè додека Ми се обраќаш со дова и се надеваш во Мене, ќе ти простам, без разлика на твоите гревови, и тоа не Ми претставува тешкотија
„Повикувач ќе повика: ,Ќе бидете здрави и никогаш нема да се разболите, ќе живеете и никогаш нема да умрете, ќе бидете млади и никогаш нема да остарите, ќе уживате во животот и никогаш нема да страдате.‘
„Возвишениот Аллах ќе им рече на жителите на Џенетот: ,О, жители на Џенетот!‘ Тие ќе одговорат: ,Ти се одѕиваме, Господару наш!‘ Потоа Аллах ќе праша: ,Дали сте задоволни?‘ Тие ќе речат: ,Како да не бидеме задоволни кога ни го даде она што не си му го дал на ниту едно од твоите созданија?‘
„Две групи на луѓе од пеколот не сум ги видел. Луѓе со камшици како опашки на крави со кои ги удираат луѓето и жени облечени, а голи, кои се нишаат при одење
„,О жени, давајте садака/милосрдие, бидејќи ми беше покажано дека повеќето жители на Џехенемот сте вие.‘ Тие го прашаа: ,А зошто, о Божји пратенику?‘ Тој одговори: ,Затоа што многу проколнувате и не сте благодарни на вашите сопрузи. Не сум видел никого со помал разум и вера кој би можел да му го одземе разборот на разумен маж повеќе од една од вас.‘
„Нема да настапи Судниот ден сè додека човекот не помине покрај некој гроб и каже: ,Колку ќе бев среќен јас да бев на твоето место.‘“
Ако ги видиш тие што ги следат нејасните ајети, тоа се тие кои Аллах ги споменал, па добро вардете се од нив
„,Нема ниту еден Божји роб кој ќе направи грев, а потоа ќе земе абдест, па ќе клања намаз, а после тоа ќе побара прошка од Аллах, а да не му прости Возвишениот
„Четири особини го прават човекот лицемер во целост, а оној кој поседува една од нив има особина на лицемерство сè додека не ја напушти: кога му се доверува – изневерува, кога зборува – лаже, кога се обврзува – го прекршува договорот, и кога расправа – ги преминува границите.“
„Срцето на човекот, дури и кога ќе остари, останува младо во две нешта: во љубовта кон дуњалукот и во долгорочната надеж.“
„Знајте дека дуњалукот е проколнат – и проколнато е сè што се наоѓа во него, освен спомнувањето на Аллах, она што Тој го сака, и учениот или ученикот.“
„Кога бев воздигнат на Мираџ, поминав покрај група луѓе со нокти од бакар, со кои ги гребеа своите лица и гради
„Зарем денес немате храна и пијалак колку што ќе посакате? Го сретнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, во состојба кога тој немаше можност да се најаде дури ни со неквалитетни урми
,Воздржи се од овој свет – Аллах ќе те засака. Биди воздржан од она што го имаат луѓето – луѓето ќе те засакаат.’“
„Најлош сад кој го наполнил синот Адемов е неговиот стомак, доволни се неколку залаци за да го држат исправен грбот, а ако неизбежно мора да јаде, тогаш нека биде една третина за храната, втората за тоа што го пие а третата за воздух.“
„Ми беа прикажани Џенетот и Џехенемот – и никогаш досега не сум видел нешто слично на денешниов ден кога станува збор за доброто и злото. А ако вие го знаете она што јас го знам – малку би се смееле, а многу би плачеле.“
,Аллах ми објави да бидете скромни, така што никој не се воздигнува над друг и никој не му прави неправда на друг.‘“
„ Со тројца луѓе — Аллах нема да им зборува на Судниот ден, нема да ги очисти и за нив ќе има болна казна
„Во Џенетот има дрво под кое коњаник, јавајќи брз и силен коњ сто години, не би можел да ја помине неговата сенка.“
„Го прашав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, за ненадејниот поглед (кон нешто забрането), па ми нареди веднаш да го свртам погледот настрана.“
„Чувајте се од оваа нечистотија која Аллах ја забранил. А оној што ќе направи неморал, нека се прекрие со Аллаховата прекривка и нека се покае кај Аллах. Зашто, оној што ќе ни ја открие својата вина – ние ќе го казниме според Аллаховиот закон.“
Навистина, човекот клања намаз, но од него му се запишува само десетина, деветина, осмина, седмина, шестина, петина, четвртина, третина или половина.‘“
„Ниту еден муслиман нема да го снајде несреќа, па да каже онака како што му наредил Аллах: ,Навистина, ние сме Аллахови и Нему се враќаме‘ (Ел-Бекаре, 156), а потоа да рече: ,О Аллах, награди ме за мојата несреќа и дај ми подобро од неа‘ – а Аллах да не му даде подобро од тоа што го изгубил.“
„Што имам јас со дуњалукот?! Јас сум на овој свет како патник што накратко се засолнил под сенка од дрво, а потоа го оставил и продолжил понатаму.“
„Семејството на Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, не јадеше два оброка во еден ден, а едниот од тие два да не беа урми.“
„Семејството на Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, од неговото доаѓање во Медина па сè до неговата смрт – никогаш не се засити со храна од пченица три дена последователно.“
„Постелата на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, беше од кожа, и беше наполнета со палмини влакна.“
„Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, не остави по својата смрт ни дирхем, ни динар, ни роб, ни робинка, ниту што било друго – освен неговото бело магаре, негово оружје и една нива што ја одреди како садака.“
„Меѓу оние што живееле пред вас имало еден човек кој се здобил со тешка рана. Поради нетрпеливост, зел нож и си ја отсекол раката. Крвта не престанала да тече сè додека не умрел. Тогаш Аллах рече: ,Мојот роб избрза одземајќи ја својата душа – па Јас му го забранувам Џенетот.‘“
„О Ебу Сеид! Оној што ќе биде задоволен со Аллах како Господар, со исламот како вера, и со Мухамед како веровесник – за него Џенетот станува задолжителен.“
„,Не завидувајте еден на друг, не зголемувајте ја лажно цената при купување (за да го измамите другиот), не мразете се, не свртувајте грб еден на друг и не продавајте преку продажбата на вашиот брат. Бидете Аллахови робови и браќа!
„Гледајте кон оние што се под вас, а не кон оние што се над вас – тоа ќе ве заштити од потценување на благодатите што Аллах ви ги дал.“
„Спасен е оној што го прифатил исламот, има доволно (ризк) за живот и Аллах му подарил да биде задоволен со она што му го дал.“
„Кој од вас ќе го дочека утрото со здраво тело, безбеден во својот дом и има храна за тој ден – како да му е подарен целиот дуњалук.“
„Навистина, верникот во Џенетот ќе има шатор од една шуплива бисерна школка, долг шеесет милји. Во него ќе има свои семејства, и тој ќе ги посетува, а едните со другите нема да се гледаат.“
„Возвишениот Аллах вели: ,За Моите добри робови подготвив нешто што ниту око видело, ниту уво чуло, ниту некому некогаш му дошло на ум.‘“
Гробот е првата станица од станиците на Ахиретот – ако човекот се спаси од него, тогаш она што доаѓа потоа ќе биде полесно; но ако не се спаси, тогаш она што следи е уште потешко.‘“
„Првата група што ќе влезе во Џенетот ќе бидат со лица светли како полна месечина. А оние што ќе дојдат по нив – ќе светат како најсјајната ѕвезда на небото
„Кој ќе се фрли од планина и со тоа ќе се убие – ќе паѓа во џехенемскиот Оган, вечно престојувајќи во него
„,Заколнете се дека никого нема да го сметате за рамен на Аллах (нема да правите ширк) нема да крадете, нема да вршите прељуба
„Исламот започна како нешто туѓо, и повторно ќе се врати како туѓ – како што започна. Затоа, блазе им на оние што ќе бидат туѓинци.“