Листа на хадиси

841Листа на хадиси

Листа на хадиси 841

„Зарем нема да ми верувате, а јас сум довереникот на Оној што е на небесата?
,Ќе го добиеш сето што го посака – и уште толку покрај тоа.‘“
„Возвишениот Аллах вели: ,За Моите добри робови подготвив нешто што ниту око видело, ниту уво чуло, ниту некому некогаш му дошло на ум.‘“
„Тој не беше непристоен, ниту груб во говорот; не викаше по пазарите, не враќаше зло со зло – туку простуваше и преминуваше преку направената грашка.“
Гробот е првата станица од станиците на Ахиретот – ако човекот се спаси од него, тогаш она што доаѓа потоа ќе биде полесно; но ако не се спаси, тогаш она што следи е уште потешко.‘“
„Првата група што ќе влезе во Џенетот ќе бидат со лица светли како полна месечина. А оние што ќе дојдат по нив – ќе светат како најсјајната ѕвезда на небото
„Објавени ми се – или ми беа – ајети какви што никогаш дотогаш не биле објавени – двете заштитни сури.“
„Кога луѓето би знаеле колкава е вредноста на езанот и првиот ред, а би немале друг начин да ги добијат освен со ждрепка – сигурно би фрлале ждрепка за нив
„Кој ќе рече: ,Задоволен сум со Аллах како Господар, со исламот како вера и со Мухамед како пратеник‘ – нему му е загарантиран Џенетот.“
,Внимавајте! Алкохолот отсега е забранет!‘
„Кој ќе се фрли од планина и со тоа ќе се убие – ќе паѓа во џехенемскиот Оган, вечно престојувајќи во него
„,Заколнете се дека никого нема да го сметате за рамен на Аллах (нема да правите ширк) нема да крадете, нема да вршите прељуба
„Чувајте се од потценетите (наизглед мали) гревови
„Пратен сум со потполни моралните одлики.“
„Седуммина ќе бидат под Аллаховата сенка на Денот кога нема да има друга сенка освен Неговата
„Никој од вас да не го насочува оружјето кон својот брат, зашто не знае – може шејтанот да му го избие од раката, па да го погоди и да падне во една од дупките на Огнот.“
„Се колнам во Аллах, не поверувал, се колнам во Аллах, не поверувал, се колнам во Аллах, не поверувал“. Прашаа: „Кој не поверувал Божји пратенику?“. „Тој од чиешто вознемирување не е сигурен неговиот сосед“, одговори
„Возвишениот Аллах вели: ,Ме навредува синот на Адем кога го пцуе времето – а Јас сум Времето: во Мојата рака е управувањето со сите работи; Јас ги сменувам ноќта и денот.‘“
„Најдобра е мојата генерација, потоа оние што ќе дојдат по нив, а потоа оние по нив.“
„Ќе дојдат фитни (искушенија и нереди). Потоа ќе настапи фитна во која оној што седи е подобар од оној што оди, а оној што оди е подобар од оној што трча кон неа
„О, Аллах, Те молам за упатство, богобојазливост, чедност и независност од луѓето.“
„Аллах проклетство е врз евреите и христијаните – ги претворија гробовите на нивните веровесници во светилишта.“
„О Ебу Хурејре, земи ги овие мои сандали и оди надвор од градината. Кого и да сретнеш, кој искрено сведочи со своето срце дека нема друг вистински бог освен Аллах – израдувај го со веста дека ќе влезе во Џенет.“
„Оној што вешто го чита Куранот – ќе биде во друштво со чесните и покорните писари од мелеците. А оној што го чита со тешкотија и мака – ќе има двојна награда.“
„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ни забрани да клањаме намаз или да закопуваме мртви во три временски периода
„Што им е на некои луѓе што за време на намазот ги подигаат погледите кон небото?“ – па остро ги предупреди, сè додека не рече: „Или нека престанат, или навистина ќе им биде одземен видот!“
„Нема да влезе во Огнот ниту еден човек што учествувал во битката на Бедр или при договорот кај Худејбија.“
„Кога некој од вас ќе умре, секое утро и секоја вечер му се покажува неговото место
„Колективниот намаз (во џемат) е повреден од намазот што некој од вас го клања сам – за дваесет и пет степени. А при сабахскиот намаз се собираат мелеците на ноќта и мелеците на денот.“
„Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, ја проколнал таа што додава вештачка коса, како и таа што го бара тоа; и таа што тетовира, како и таа што бара да биде тетовирана.“
„Имињата кои најмногу ги сака Аллах се: Абдулах и Абдурахман.“
„Сè што опива во голема количина – забрането е и во мала количина.“
„Нам ни беше одредено да не ги оставаме мустаќите без да ги скратиме, ноктите без да ги исечеме, влакната под пазувите без да ги отстраниме и интимните влакна без да ги избричиме – подолго од четириесет ноќи.“
,Јас не се ракувам со жени. Моите зборови упатени кон сто жени се исто како да се упатени кон една
„Ќе се појават владетели што ќе лажат и ќе чинат неправда. Кој ги прифати нивните лаги и им помогне во нивната неправда – не е од мене, и јас не сум од него
„Срцето на човекот, дури и кога ќе остари, останува младо во две нешта: во љубовта кон дуњалукот и во долгорочната надеж.“
„Често спомнувајте го она што ги прекинува задоволствата“ – односно смртта
,Не влегувајте во живеалиштата на оние што кон себеси си сторија насилство, освен како расплакани
„Фитните ќе бидат изложувани на срцата – една по една – како што се редат прачките на сламен рогоз
„Кога Аллах ќе ги собере првите и последните на Судниот ден, секој измамник ќе добие знаме што ќе се подигне над него, и ќе се каже: ,Ова е измамата на тој и тој, синот на тој и тој.’“
„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ни нареди седум работи и ни забрани седум
„Земи од неговиот имот она што е разумно и доволно – за тебе и за твоите деца.“
„Еден ден поминат на стража на Аллаховиот пат е подобар од целиот свет и сè што се наоѓа на него
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој ќе се заколне лажно – со намера преку таа заклетва да присвои имот на друг муслиман – ќе Го сретне Аллах, а Тој ќе биде гневен на него.“
Навистина, овие домашни животни понекогаш се однесуваат како диви – па ако нешто од нив ви побегне и не можете да го совладате, постапете со него како што постапивте сега.‘“
„Побрзајте со џеназата! Ако била добра – ја водите кон доброто. А ако не била – се ослободувате од злото што го носевте на вашите рамена.“
„Кога некој од вас ќе дојде на собир, нека се поздрави со селам. А кога ќе сака да стане и да си замине, нека повторно се поздрави со селам – зашто првиот селам не е поважен од последниот.“
„Не добивате победа, ниту ризк – освен поради вашите слаби (слабите меѓу вас).“
„Можеби токму човекот со разбушавена и запрашена коса, кого луѓето го одбиваат од своите врати – ако побара нешто од Аллах, Аллах сигурно ќе му го даде.“
„Знајте дека дуњалукот е проколнат – и проколнато е сè што се наоѓа во него, освен спомнувањето на Аллах, она што Тој го сака, и учениот или ученикот.“
„Ми беа прикажани Џенетот и Џехенемот – и никогаш досега не сум видел нешто слично на денешниов ден кога станува збор за доброто и злото. А ако вие го знаете она што јас го знам – малку би се смееле, а многу би плачеле.“
„О, Ебу Зер, кога ќе готвиш манџа, додај повеќе вода и сподели ја со твоите соседи.“
„Примерот на оној што се дружи со Куранот е како примерот на сопственикот на врзани камили: ако се грижи за нив – ќе останат со него; но ако ги пушти – ќе се разбегаат.“
„Секој муслиман што има нешто за тестамент – не треба да поминат три ноќи, а тој да го нема тестаментот напишан кај себе.“
„Кажи: О, Аллах, направи дозволеното што Ти го дозволи да ми биде доволно, па да не посегнувам по она што си го забранил; и направи ме независен со Твојата дарежливост од сите освен од Тебе.“
„Додека еден човек одел по патот, здогледал гранка со трње, па ја тргнал – и Аллах му се заблагодарил за тоа и му простил.“
„Не се приврзувајте за имотот, па да ви се омили дуњалукот.“
„Во Џенетот има дрво под кое коњаник, јавајќи брз и силен коњ сто години, не би можел да ја помине неговата сенка.“
„Во Џенетот има пазар на кој жителите ќе доаѓаат секој петок
„Муезините ќе имаат најдолги вратови на Судниот ден.“
„Се колнам во Оној во чии раце е мојата душа – таа сура вреди колку третина од Куранот!“
„Ако некој само науми да направи насилство во него – дури и да е далеку, во Аден, областа Ебјан – Аллах ќе го натера да вкуси неиздржливо страдање.“
„Носете бела облека – бидејќи таа е од најдобрите што ги имате – и во неа обвиткувајте ги вашите починати.“
„Некои луѓе или ќе престанат да го оставаат петочниот намаз, или Аллах ќе им ги запечати срцата – па ќе станат од небрежните.“
„Оној што поради небрежност ќе го остави петочниот намаз трипати, Аллах ќе му го запечати срцето.“
„Ниту еден муслиман нема да го снајде несреќа, па да каже онака како што му наредил Аллах: ,Навистина, ние сме Аллахови и Нему се враќаме‘ (Ел-Бекаре, 156), а потоа да рече: ,О Аллах, награди ме за мојата несреќа и дај ми подобро од неа‘ – а Аллах да не му даде подобро од тоа што го изгубил.“
„Објавен ми е ајет што ми е подрагоцен од целиот свет и сè што е на него.“
„Што имам јас со дуњалукот?! Јас сум на овој свет како патник што накратко се засолнил под сенка од дрво, а потоа го оставил и продолжил понатаму.“
„Во последните времиња ќе се појави народ – млади по години, и недоволно разумни. Ќе изговараат убави зборови, слични на говорот на најдобрите луѓе, но ќе излегуваат од исламот како што стрелата излегува од пленот
„Верникот ќе остане во широчината од неговата вера – сè додека не пролее забранета крв.“
Некои луѓе од племињата Укл или Урејна дојдоа во Медина
„Кој ќе изврши престап за кој е пропишана шеријатска казна, па биде казнет за тоа на дуњалукот – Аллах е по праведен за повторно да го казни за истото на Ахирет
„Аллах е задоволен со вас во три нешта, и мрази три нешта
,Нема (вистински) иман оној што нема доверливост, и нема (вистинска) вера оној што не го исполнува дадениот збор.‘“
„Никој од вас нека не дозволи стравот од луѓето да го спречи да ја каже вистината, кога ќе ја види или кога ќе дознае за неа.“
„Првото со што започна објавата кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, беа вистинитите соништа
„Никогаш не сум видел човек со коса што му паѓа на рамењата да изгледа поубаво во црвена облека од Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем
„Кога Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, одеше по нужда, јас и уште едно момче на мои години носевме мешина со вода и стап налик на копје, па тој се чистеше со вода.“
„Субханаллах! Навистина верникот не е нечист.“
„Аллах со тој нејзин чин ѝ го задолжил Џенетот или ја заштитил од Огнот.“
,Ако сакаш, биди трпелива, и ќе го добиеш Џенетот. А ако сакаш, ќе се помолам Аллах да те излекува.‘
„Довата на муслиманот за неговиот брат, во негово отсуство, е прифатена
„Забрането ни беше (нам, на жените) да следиме џенази, но забраната не беше строго изречена.“
„Меѓу народите пред вас имало еден цар кој имал волшебник
„Кој ќе биде старател за ќерки и ќе се грижи за нив и ќе им прави добро – тие ќе му бидат заштита од Огнот.“
„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, немаше ниту еден доброволен намаз на кој повеќе внимаваше (за кој беше поупорен) од двата реката пред сабахскиот намаз.“
,О, Ебу Бекр, што мислиш за двајца, а за кои Аллах е третиот?‘“
„Ја прашав Аиша, Аллах нека е задоволен со неа: ,Зошто жената која е во менструација го надокнадува постот, а не ги надокнадува намазите?‘
,Навистина, шејтанот ја смета за дозволена храната врз која не е спомнато Аллаховото име
,О, Божји пратенику, што да направам ако некој се обиде да ми го земе имотот?‘
„Имаше еден човек – не знам друг да живееше подалеку од џамијата од него – а сепак не пропушташе ниеден намаз во џамија
„Дуњалукот е затвор за верникот, а Џенет за неверникот.“
,Горната рака е подобра од долната
,О, Хаким, овој имот е зелен и сладок
„Зарем некој од вас не е способен секој ден да заработи илјада добри дела?“
„О, Аллах, нема вистински живот освен Ахиретскиот живот. Па прости им на енсариите и мухаџирите.“
,,Подобро е некој од вас да земе јаже, да донесе сноп дрва на грбот, да го продаде и со тоа Аллах да го заштити неговото лице, отколку да бара од луѓето – дали ќе му дадат или ќе го одбијат
,Соберете се заедно околу храната и спомните го Аллаховото име над неа – тогаш ќе има бериќет за вас во неа.‘“
„Кога бев воздигнат на Мираџ, поминав покрај група луѓе со нокти од бакар, со кои ги гребеа своите лица и гради
„Примерот на она со кое Аллах ме испратил од упатството и знаењето, е како обилен дожд што ја напоил земјата
„Помогни му на братот свој, без разлика дали е тој неправедник или неправедно третиран.“
„Зарем денес немате храна и пијалак колку што ќе посакате? Го сретнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, во состојба кога тој немаше можност да се најаде дури ни со неквалитетни урми
„Местата кои Аллах најмногу ги сака, се џамиите, а најомразените места кај Аллах се пазарите.“
„Кога синот Адемов (човекот) би имал две долини полни со имот, би посакал и трета
,Аллаху мој, кај Тебе барам прибежиште од лошите неморлни особини, од лошите дела и од следење на страстите.‘“
„Кој ќе му нанесе неправда на својот брат – било поврзана со неговата чест или со нешто друго – нека побара халал од него уште денес, пред да дојде Денот кога нема да користи ни динарот ни дирхемот
,Луѓето на Судниот ден ќе бидат собрани боси, голи и необрежани.‘
,Аллах ми објави да бидете скромни, така што никој не се воздигнува над друг и никој не му прави неправда на друг.‘“
Со Аллахово име ти учам рукја – од сè што ти наштетува, од злото на секоја душа и од завидливото око. Аллах нека ти даде излекување. Со Аллахово име ти учам рукја.‘“
,Прими ја радосната вест за двете светла што ти се дадени, а ниту еден пратеник пред тебе не ги добил: сурата Ел-Фатиха и последните ајети од сурата Ел-Бакаре. Нема да изговориш ниту една буква од нив, а да не ти биде дадено она што го бараш со нив.‘“
Се колнам во Аллах, никој од вас нема да земе нешто што не му припаѓа со право, а да не дојде кај Аллах на Судниот ден носејќи го тоа со себе
„О Аиша, Аллах е Благ и ја сака благоста. Тој го дарува за благоста она што не го дарува за грубоста и за благоста го дарува она што не го дарува за ништо друго.“
„Кај тебе има две особини што Аллах ги сака: благост и воздржаност.“
„Денес кај семејството на Мухамед дојдоа многу жени жалејќи се на своите мажи. Таквите мажи не се меѓу најдобрите меѓу вас.“
„Аллаху мој, кај Тебе барам прибежиште од немоќ, мрзеливост, кукавичлак, скржавост, старечка изнемоштеност и од казната во гробот. Аллаху мој, подари ѝ на мојата душа богобојазливост и очисти ја; Ти си најдобриот што ја чисти, Ти си нејзин Заштитник и Покровител. Аллаху мој, кај Тебе барам прибежиште од знаење што не користи, од срце што не е исполнето со стравопочит, од душа што не се наситува и од дова што не се прима.“
„ Со тројца луѓе — Аллах нема да им зборува на Судниот ден, нема да ги очисти и за нив ќе има болна казна
„Ниедна жена не треба да тагува поради смрт на некого повеќе од три дена, освен за својот сопруг – тогаш тагува четири месеци и десет дена
„Предноста на учениот над оној што се занимава само со ибадет е како мојата предност над оној со најниска положба меѓу вас.“
„Аллаху мој, сочувај ме од Твојата казна на Денот кога ќе ги собереш или кога повторно ќе ги оживееш Своите робови.“
„Им помагаше на своите во домашните работи – односно им служеше – а кога ќе настапеше времето за намаз, излегуваше да клања.“
„Кој ќе изучува знаење со кое треба да се бара само Аллаховото лице, а го изучува единствено за да стекне нешто од дуњалучките придобивки – на Судниот ден нема да го почувствува мирисот на Џенетот.“
„Кога Аллах ќе засака некој роб, Го повикува Џибрил и му вели: ,Јас го сакам тој и тој, затоа сакај го и ти.‘ Тогаш Џибрил ќе го засака,
„Кога оној што поминува пред клањачот би знаел каква казна го чека, би му било подраго да стои четириесет отколку да помине пред него.“
„Изврши го абдестот темелно, протиј меѓу прстите (со вода), и длабоко вшмукувај вода во носот – освен ако постиш.“
,Навистина, Аллах ќе ги измачува оние што ги измачуваат луѓето на овој свет.‘“
,Навистина, само Господарот на огнот има право да казнува со оган.‘“
,Овие џамии не се место за вакви работи – за уринирање или нечистотии – туку се изградени за спомнување на Возвишениот Аллах, за намаз и за учење на Куранот.‘
„Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, забрани чистење по извршување на физиолошка потреба со измет или коска,
„Никој од вас нека не се чисти со помалку од три камчиња.”’
Навистина, Аллах е помилостив кон Своите робови од оваа жена кон своето дете.’“
Правете дела онолку колку што можете да издржите, зашто, се колнам во Аллах, Аллах не се заморува (не престанува да дарува награда) сè додека вие не се изморите (од правење добри дела).’“
„Од Сунетот е, кога муезинот во сабахскиот езан ќе каже: Хаја алел-фелах (Дојдете на спас), да каже: Ес-салату хајрун минен-невм (Намазот е подобар од спиењето).“
,Читајте го Куранот, зашто на Судниот ден тој ќе дојде како застапник за тие што го читале
,,Нема да настапи Часот сè додека луѓето не почнат да се натпреваруваат во украсувањето на џамиите.“
Што мислиш, ако ги клањам задолжителните намази, постам во рамазан, го сметам халалот за халал и харамот за харам,
„Наредено ми е да се борам против луѓето сè додека не посведочат дека нема друго божество освен Аллах и дека Мухамед е Аллаховиот пратеник, сè додека извршуваат намаз и даваат зекат
„Доколку на луѓето им се даваше според нивните побарувања, некои бесправно би го барале имотот и животот на другите. Затоа, должност на оној што обвинува е да донесе доказ, а оној што негира, да се заколне.“
„,Аллах и Неговиот пратеник го забранија продавањето на виното, мршината, свињата и идолите.‘
„Од времето на поранешните веровесници на луѓето им останале зборовите: ,Ако не ти е срам, прави што сакаш.‘“
,На овој свет биди како да си странец или случаен минувач.‘“
,Јазикот нека ти биде постојано навлажен од спомнувањето на Аллах.‘“
,Добродетелство е убавото однесување, а грев е она што ти тежи во срцето и не сакаш да го дознаат луѓето.‘“
„Зарем Аллах не ви дал нешто со што и вие можете да давате садака? Секое изговарање на субханаллах е садака, секое изговарање на Аллаху екбер е садака, секое изговарање на елхамдулиллах е садака, секое изговарање на ла илахе иллаллах е садака, и секое наредување на доброто е садака, и секое спречување на злото е садака, па дури и интимниот однос е садака.“
„Чувајте се од оваа нечистотија која Аллах ја забранил. А оној што ќе направи неморал, нека се прекрие со Аллаховата прекривка и нека се покае кај Аллах. Зашто, оној што ќе ни ја открие својата вина – ние ќе го казниме според Аллаховиот закон.“
„Аллах пропишал обврски – затоа не ги занемарувајте. Поставил граници – затоа не ги преминувајте. Забранил одредени работи – затоа не ги прекршувајте. А за одредени нешта премолчал од милост кон вас, а не од заборав – затоа не распрашувајте за нив.“
„Навистина делата се вреднуваат според намерите, и навистина секој човек ќе го добие она што го имал како намера
„Исламот се темели врз пет
,Создавањето на човекот се одвива во утробата на неговата мајка четириесет дена и четириесет ноќи
„Кој, во нашата вера, ќе воведе нешто ново, што не е од неа, ќе му биде отфрлено.“
„Халалот е јасен и харамот е јасен
„Верата е советување“
„Она што ви го забранив – одбегнувајте го. А она што ви го наредив – извршувајте го колку што можете
„О луѓе, навистина Аллах е Убав и не прифаќа освен она што е убаво. Аллах им го нареди на верниците истото што им го нареди и на пратениците
„Остави го она во што се сомневаш за она во што не се сомневаш.“
„Никој од вас нема да биде вистински верник сè додека не му го посакува на својот брат она што го посакува за себе.“
„Возвишениот Аллах наредил доброчинство и убаво однесување во секоја работа
„Момче, ќе те поучам на неколку важни зборови. Чувај Го Аллах, и Тој ќе те чува тебе. Чувај Го Аллах, и ќе Го најдеш секогаш пред себе. Ако нешто бараш, барај само од Аллах, а ако бараш помош, барај ја само од Аллах
„Од времето на поранешните веровесници на луѓето им останале зборовите: ,Ако не ти е срам, прави што сакаш.‘“
кажи ми нешто за исламот, за што нема да морам никого да прашувам после тебе?‘ Аллаховиот пратеник, алејхи селам рече: ,Речи: Верувам во Аллах, а потоа биди истраен во тоа.‘“
Што мислиш, ако ги клањам задолжителните намази, постам во рамазан, го сметам халалот за халал и харамот за харам,
„Чистотата е половина од верувањето. Зборот „елхамдулиллах“ ја исполнува вагата, а зборовите „субханаллах“ и „елхамдулиллах“ го исполнуваат просторот помеѓу небесата и Земјата
„За секој зглоб од телото на човекот следува садака
,Ве советувам со богобојазливост кон Аллах, и со слушање и покорување, дури и ако со вас владее роб. Навистина, оној што ќе живее од вас по мене, ќе види многу разидувања. Затоа држете се за мојот Сунет и за Сунетот на праведните, упатени халифи
,Ме праша за голема работа, но лесно му е на оној кому Аллах му олеснува
„Не се нанесува штета, ниту се возвраќа со правење штета
„Доколку на луѓето им се даваше според нивните побарувања, некои бесправно би го барале имотот и животот на другите. Затоа, должност на оној што обвинува е да донесе доказ, а оној што негира, да се заколне.“
„Аллах ги одредил добрите и лошите дела, потоа ги појаснил,
„Возвишениот Аллах вели: Му објавувам војна на оној кој ќе го вознемири Мојот штитеник (евлија). Мојот роб не Ми се приближува со ништо поомилено од она што сум му го пропишал како обврска
„Никој од вас нема да има вистински иман сè додека неговите страсти не се покорат на она со што сум пратен.“
Сè што опива е забрането (харам).
„Четири особини го прават човекот лицемер во целост, а оној кој поседува една од нив има особина на лицемерство сè додека не ја напушти: кога му се доверува – изневерува, кога зборува – лаже, кога се обврзува – го прекршува договорот, и кога расправа – ги преминува границите.“
„Ако вистински се потпрете врз Аллах, Тој би ве снабдил како што ги снабдува птиците, наутро одлетуваат гладни, а навечер долетуваат сити.“
„Добродетелство е убавото однесување, а грев е она што ти тежи во градите и не сакаш да го дознаат луѓето.“
„Нека твојот јазик постојано биде навлажен со спомнување на Аллах.“
„Аллах за мојот умет преминал (нема да ги земе на одговорност) преку грешката, заборавот и она на што биле присилени.“
,Воздржи се од овој свет – Аллах ќе те засака. Биди воздржан од она што го имаат луѓето – луѓето ќе те засакаат.’“
„Доењето го забранува она што го забранува и раѓањето.“
„Најлош сад кој го наполнил синот Адемов е неговиот стомак, доволни се неколку залаци за да го држат исправен грбот, а ако неизбежно мора да јаде, тогаш нека биде една третина за храната, втората за тоа што го пие а третата за воздух.“
„Од убавината на исламот – верата на еден човек, е да го остави она што не го засега.“
„Дарувајте си подароци, ќе се сакате.“
Ако влезеа во него, немаше да излезат сè до Денот на оживувањето. Послушноста е доброто.'“
,Измијте ја трипати, петпати, или повеќе од тоа – ако можете со вода и сидр (листови од лотос), а во последното миење ставете камфор или нешто од камфор. А кога ќе завршите, известете ме.‘”
„О, Божји пратенику, пропаднаа имотите и патиштата се прекинаа, па моли Го Аллах да ни испрати дожд.“
таа го донела својот мал син – кој сè уште не јадел цврста храна – кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем. Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го седнал детето во својот скут, па тоа се измокрило врз неговата облека. Тогаш тој побарал вода, ја попрскал облеката и не ја измил
Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, ми рече: „Читај ми.“
,Не е од добродетелство постот за време на патување
,Да. Ни наредуваше, кога сме на патување – или кога сме патници – да не ги соблекуваме нашите кожени чорапи три дена и три ноќи, освен во случај на џенабет; но не и поради голема нужда, мокрење или сон.’
,Кога Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ќе речеше: ,Семиаллаху-лимен хамидех,‘ никој од нас не го наведнуваше грбот сè додека Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, најпрво не паднеше на сеџда, па потоа и ние одевме на сеџда по него.'“
„Нахранете го гладниот, посетете го болниот и ослободете го заробениот.“
„Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, го започнуваше намазот со текбир, потоа рецитираше: „Ел-хамду лиллахи раббил-ʿалемин.“
Еден човек го прашал Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, додека тој бил на минберот: „Што мислиш за ноќниот намаз?“ Тој одговорил: „Два по два (реката)
‚Не казнувајте со Аллаховата казна.‘
Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, кога го испратил во Јемен, му наредил да земе од секои триесет говеда – по едно младо теле, машко или женско;
„Откупот за заветот е ист како откупот за заклетвата.“
„Никогаш нема да успее народ кој ќе и го довери управувувањето на жена.“
,Возвишениот Аллах не спие, и не Му доликува да спие
,Навистина, најбогобојазливиот меѓу вас и оној што најмногу Го познава Аллах сум јас.’“
„Ние сме последниот умет, но првите што ќе бидат повикани на пресметка
„Бевме со Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, додека бевме млади момчиња на прагот на зрелоста. Најпрво го учевме иманот (верувањето) пред да го учиме Куранот. А потоа го учевме Куранот – и со него уште повеќе го зголемувавме иманот.“
„На секој веровесник му било дадено нешто преку што луѓето поверувале во него